×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пуштена во употреба сензорна соба во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ во Драгоманце

    06.04.2021 19:12 | KumanovoNews

    Денеска беше пуштена во употреба целосно опремена сензорна соба во општинското основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во с. Драгоманце во Општината Старо Нагоричане.

    Пуштена во употреба сензорна соба во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ во Драгоманце

    Собата е пред сè наменета за децата со посебни образовни потреби кои се вклучени во редовната настава во самото училиште, а истата ќе може да се користи и од страна на децата со типичен развој при работа во групи.

    Во просторијата се поставени нови прозорци, нов под, светла, разни игри и помагала, како и спортски реквизити.

    Оваа сензорна соба е изградена со финансиска помош од Британската Амбасада (British Embassy Skopje), во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е поддржан од Европската Унија.

    На официјалното пуштање во употреба на сензорната соба беа присутни заменик-амбасадорот на Обединетото Кралство - Доминик Отвеј, заменик-министерот за образование и наука - Арафат Шабани и директорката на Фондацијата „Чекор по чекор“ Сузана Киранџиска.

    На отворањето на собата се обрати заменик-амбасадорот на Обединетото Кралство Доминик Отве.

    „Воодушевен сум што сум денес овде да го поддржам отворањето на првата сензорна соба во ОУ „Христијан Тодоровски - Карпош“ во село Драгоманце. Го поддржавме овој проект за да ги подобриме можностите за образование на децата со попреченост и да придонесеме за нивниот развој. Средината за учење и рехабилитација за деца со попреченост се клучни за градење инклузивно општество за сите. Се надеваме дека оваа сензорна соба ќе биде од корист за локалната заедница и ќе даде пример за инклузивно образование“.

    Заменик-министерот за образование и наука, Арафат Шабани истакна дека ја поздравува работата на проектот и заложбата за поголема инклузија во образовниот процес и додаде дека Министерство за образование и наука  и институциите на системот работат и ќе продолжат да работат во истата насока.

    „Фондацијата „Чекор по чекор“ повеќе од 20 години реализира проекти од областа на образованието и секогаш се обрнува особено внимание на ранливите категории“, рече директорката на Фондацијата, Сузана Киранџиска. „Особено сме горди што го реализираме проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој се застапува за вклучување на учениците со попреченост во редовните основни училишта“, додаде таа.

    Поддршка во реализација на проекотот даде и Општина Старо Нагоричане со градоначалничката Жаклина Јовановска.