Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Драган Јаневиќ, претседател на општинската организација на ЛДП повеќе не е член на Советот на Општината Куманово. На денешната седница му престана мандатот на негово барање, а негово место ќе го завземе Драган Митевски, потпретседател на партијата.
Во партијата се договоривме функцијата советник да не ја извршува само еден човек, туку повеќе наши членови кои беа на листата за советници се со цел да ја почувствуваат работата на Советот.Ние не сакеме да се концентираат функциите само на поедници и можеби сме единствената партија што се одлучи на ваков чекор. Со тоа сакаме да ги заштитиме интерсите на граѓаните и да придонесеме да се подобри квалитетот на нивното живеење - вели бившиот советник.
На функцијата советник Јаневиќ беше една година,а толку ќе остане и неговиот наследник. Ротирањето на советничките места е дозволено со закон.