Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Муамед Салиу (37) од Липково е убиен, а неговиот 4 години помал брат Бурим е тешко повреден, кога попладнево било пукано во нив во селото Липково. Нападот се случил околу 17 часот во близина на нивната куќа, кога засега непознати напаѓачи со автомобил во движење со пиштол пукале кон двајцата браќа.
Според полицијата напаѓачите отвориле оган од возило "мазда" со скопски регистарски таблички и побегнале во непознат правец. Од задобиените повреди постариот брат починал на патот кон кумановската болница, додека помалиот бил итно пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, и се бори за живот. Полициско-судски екипи вршат увид на лице место, додека напажачите и мотивот сеуште не се познати.