×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • УЈП: Даночни пријави ќе се примаат и за викенд

    12.03.2010 10:58 | KumanovoNews

      Даночните одделенија на Управата за јавни приходи ќе работат и за врме не викендот, бидејќи  во понеделник истекува крајниот рок за поднесување на Годишна даночна пријава за 2009 година.

    УЈП: Даночни пријави ќе се примаат и за викенд

       За таа цел Управата за јавни приходи ги информира сите даночни обрзници дека сите нејзини шалтери ќе работат на 13-ти и 14-ти март од  08.30 до 16.30 часот.

    Покрај личните достави, даночните обврзници имаат можност Годишната даночна пријава да ја поднесат и по пошта, на адресата на Регионалната Дирекција на УЈП, на која и припаѓаат според местото на живеалиште наведено во нивната лична карта.

    За сите потребни информации во врска со тоа дали треба да поднесете  Годишната даночна пријава, како да ја пополните и каде да ја поднесете, може да се информирате на бесплатиот телефонски број 0800 33 000, што УЈП, неодамна го отвори за оваа намена.