19. 08. 2020 07:58

Во четврток и петок ќе се прска против комарци во Куманово

Во четврток и петок ќе се прска против комарци во Куманово

Во наредните два дена ќе се врши авио и терестично прскање против комарци на територијата на Општина Куманово.

Како што соопштуваат од Општината, утре во раните утрински часови ќе се врши авиозапрашување против комарци.

„Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“,- стои во соопштението.

Во петок, во 01 часот по полноќ на подрачјето на општина Куманово ќе започне четвртата терестична дезинсекција против возрасна форма на комарци.

Доколку временските услови не се поволни за овие третмани тие ќе се извршат наредните денови.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk