×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Запуштените ромчиња да се сместат во Дневен центар

    20.03.2010 11:59 | KumanovoNews

    Министерството за труд и социјална политика да отвори дневни центри за згрижување на децата кои се препуштени на питачење, за да им се обезбедат основни условни за живот и да се тргнат од улица.

    Запуштените ромчиња да се сместат во Дневен центар

     Подобрување на социјалниот статус и безбедноста на децата од ромската националност, нивно отстранување од улиците, решавање на проблемите со питачење, поголема вклученост во образовниот процес, како и евидентирање на граѓаните кои немаат лични документи, беа дел од темите за кои се дискутираше на состанокот на Локалниот совет за превенција.

    Ние како Совет при СВР Куманово работиме за да се подобри квалитетот на живеење на Ромите, да се подигне степенот на нивниот социјален статус, образование и се друго што го следи модерниот начин на живеење. Дел од нашите активности се прифатени, но наидуваме и на рекации. Луѓето главно повеќе бараат, отколку што сакаат да дадат и да се вклучат во создавање на побезбедна заедница. Целта на овој проект е да се гради заедничка доверба, соработка и меѓусебно почитување - вели Виолета Богдановка, началник во Секторот на превенција при СВР Куманово.

    Локалната самоуправа, активно е вклучена во реализација на проектите на Советот за превенција и дава свој придонес во реализација на Декада на Ромите.

     Денеска разговаравме кои се начините да воспоставиме систем со кој што повеќе деца ќе вклучиме во предшколското, основното и средно образование. Со тоа ќе создадеме услови за подеднакви можности, ромските деца како и останатите граѓани да се интегрираат во рамките на општетвото. Локалната власт веќе прави напори за вклучување на децата Роми во предучилишното образование и за одреден број на деца плаќаме превоз и престој во градинката „Ангел Шајче“ - вели Оливер Спасовски, секретар на Општината.

    Тој побара од Министерството за труд и социјална политика да отвори дневни центри за згрижување на децата кои се препуштени на питачење по улиците за да им се обезбедат основни условни за живот.

    На состанокот учествуваа претставници од Министретвото за труд и социјална политика, од СВР Куманово, од локалната самоуправа, од јавното обвинителство и невладини организации, основни и средни училишта.