×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ХОРОСКОП - 13.05.2021

    13.05.2021 07:41 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ХОРОСКОП - 13.05.2021

    Овен

    Денес се` се врти околу вашите зборови и контакти! Ќе зборувате многу, многу ќе ви зборуваат вас, сешто ќе се каже, а вие внимавајте на секоја реченица. Одличен ден да разговарате конструктивно за некој проблем, проблемот сигурно ќе се реши. Енергијата денес ќе ви донесе позитивни вести, средување на важни документи, пријатни телефонски разговори и многу нови информации.

    Бик

    Дали доволно го цените она што го поседувате? Потрагата по повеќе може да ве остави празни, денес фокусирајте се на убавите нешта кои се веќе во вашиот живот. Ќе имате изострено сетило за вкус, нештата купени денес ќе предизвикаат пријатно внимание. Одличен ден да размислувате за купување на автомобил или нешто од технологиските апарати.

    Близнаци

    Денес ќе се зборува за вас, ќе долетуваат безброј убави комплименти до вашите уши, но убави нешта ќе го следат вашето име и кога не сте присутни во собата. Искористете ја позитивната енергија да ја зголемите вашата самодоверба, да бидете поубедливи и похаризматични во зборувањето и да остварите врски со филозофски настроени луѓе или ментори.

    Рак

    Нештата кои ве мачеле, денес ќе можете да ги избришете засекогаш од животот со еден конструктивен разговор со самите себеси. Колку и да звучи чудно, одвојте дел од денот кога ќе испиете кафе сами и ќе ги “расчешлате“ сопствените мисли. Зад хаосот се крие убавина, помогнете си самите на себе да ја “исчистите“ главата и да дојде вашата убавина до израз.

    Лав

    Разговорите со пријателите денес ќе ве релаксираат и ќе ви отворат нови перспективи на животот. Отворете се и барајте решенија на нештата кои ви создаваат тегоби во блискиот круг на пријатели. Прекрасен ден вие самите да се ослободите од некоја тајна или да дознаете некоја тајна која ќе ви смени многу нешта.

    Девица

    Ако преговарате за подобри услови на работното место – направете го тоа денес! Вашите дневни рутини можат да ве направат “вработени на месецот“, ве очекуваат големи успеси предизвикани од таложењето на ситните нешта. Одличен ден да започнете со нов начин на исхрана или да воспоставите нов, интересен режим на вежбање.

    Вага

    Денес ќе треба да зборувате за нештата кои сте сметале дека никој нема да ви ги замери. Она што изгледало како релаксирање и разонода денес ќе се наметне како тема на разговор. Доколку имате деца, супер ден да размислувате за наследството на вашите деца. Слободните Ваги ќе се сконцентрираат на прашањата од лична, психолошка природа или ќе озваничат тајни врски.

    Шкорпија

    Од технички аспект, денес енергијата ќе ви овозможи непречено и успешно планирање на поделби на имотот, калкулирање даноци, правење план за распределба на буџетот и сл. Од емотивен аспект, денес ќе се поврзете со семејството преку длабоки разговори. Семејните врски се едни од најцврстите и тоа денес ќе се покаже.

    Стрелец

    Финализирање на некакви легални документи, конечно! Некоја жена може да ви помогне во добивањето на судски спор. Ако сте во брак, денеска комуникацијата со партнерот ќе тече прекрасно – искористете го денот да споделите како се чувствувате. Слободните Стрелци можат да бидат шармирани од некоја личност која е релативно постара или помлада од нив, со строг израз на лицето.

    Јарец

    Ставете се во акција денес, изгответе нов план за исхрана или рутина за вежбање. Работата на себе и разговорите со квалитетни личности ќе направат чуда за вашата самодоверба. Ова е денот кога ја имате моќта да го трансформирате животот. Започнете од себе, работете на она што вие сметате дека треба да се поправи.

    Водолија

    Креативните предизвици ќе се одразат на вас лично, ќе ви нацртаат насмевка на лицето и сите ќе можат да забележат видлива позитивна промена. Денес опуштете се, уживајте во уметноста, излезете со некој кој ви се допаѓа, нацртајте нешто, напишете нешто, создадете нешто свое. Ваквите нешта ќе ве заземјат и ќе ве направат постабилни, посреќни и поисполнети, не само денеска туку на долгорочен план.

    Риби

    Прекрасен ден да се зближите со домашните. Отпочнете некоја важна тема и гледајте како се создаваат убавите, нераскинливи врски. Длабока интуиција во врска со семејството или мајката, обрнете внимание на тоа и ставете се во акција доколку претчувствувате нешто. Најблиските можат да ви помогнат да преминете преку некои сопствени кочници, трауми или несигурности.

    (Подготви: Сара Ѓорѓијоска)