×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ХОРОСКОП - 15/16.05.2021

    15.05.2021 11:12 | KumanovoNews

     Викенд хороскоп

    ХОРОСКОП - 15/16.05.2021

    ОВЕН

    Викендов очекувајте потенцијално разидување или препирки со одамнешните, блиски пријатели. Можеби ќе барате начин да внесете нешто ново и интересно во домот, но ќе се чувствувате блокирани. Односот со мајката може да биде нарушен на кратко или за момент да се почувствувате дека не можете да се сложите за некои теми. Викендов може да ве изненади и со многу судбински разговори, разговорни ситуации при кои ќе сфатите нешто важно или ќе откриете нешто кое не сте го знаеле порано, а ви е потребно како сознание.

    БИК

    Вашиот викенд ќе започне како еден од оние денови кога нешто чувствувате, но не сте сигурни што. Од една страна ќе сакате да зборувате за вашите амбиции и професионални желби или веќе остварени успеси, а веќе од друга страна ќе се чувствувате како тоа да не е доволно добро, како да сте можеле повеќе. Бидете самокритични во здрави дози овој викенд, тоа ќе ви помогне да не останете на истата точка, туку да освојувате уште, а истовремено и да не ги обезвредните веќе постигнатите успеси.

    БЛИЗНАЦИ

    Викендов на вашата самодоверба ќе влијаат повозрасните машки фигури во вашиот живот, татковците, дедовците, менторите... Ќе сакаат да ви пренесат порака за тоа како да научите повеќе и полесно да ги остварите амбициите, но вие нема да бидете воодушевени. Разговорите можеби ќе ги заборавите уште веднаш, а така би направиле голема грешка. Слушајте внимателно што се зборува за вас лично, тука меѓу редовите се кријат големи вистини кои ќе ви го подобрат животот.

    РАК

    Доколку имате можност за поврат на данок од странство или некое наследство, викендов е можно да го добиете или да отпочнете процес за да го добиете. Внимавајте што луѓето зборуваат за вас овој викенд и како вие се доживувате самите себеси? Нештата кои се скриени во врска со вашиот карактер можно е да излезат на површина, но нема да влијаат лошо врз вашата самодоверба. Напротив, викендов ќе ги засакате и вашите послаби страни.

    ЛАВ

    Викендов е можно да решите некој финансиски проблем или да добиете некакво наследство, доколку работите на случајот. Искористете ги ресурсите, направете ги потребните чекори, одете до местата каде што треба да ви се дозволи или потпише нешто, бидете активни во потрагата по она што ви припаѓа. Можно е овие два дена да не се чувствувате баш најпријатно во своето тело, да мислите дека можете да изгледате подобро. Ве очекуваат разговори за табу теми или скриени нешта – внимавајте, можат да бидат нешта и кои вие сте ги криеле!

    ДЕВИЦА

    Викендов пријателите можеби ќе направат да се чувствувате несигурни во своето тело или навики. Можеби ќе добиете некој коментар од типот, зошто не почнеш да се храниш поздраво или станувај порано, многу ќе ти помогне. Направете ја разликата помеѓу конструктивни критики кои ќе влијаат позитивно на вас ако ги имплементирате и зајадливи коментари кои се изречени исклучиво за да бидете повредени. Доколку имате работа со луѓе кои не ви мислат добро, туку само сакаат да ве направат несигурни – полека исчистете ги од вашиот живот.

    ВАГА

    Ова е филмскиот викенд во кој можете да доживеете непристојна понуда! Каков е односот со претпоставените на работното место? Доколку постои тука некаква хемија, можно е за викендов да добиете интересна порака. Внимавајте во што се впуштате, имајте на ум дека вистинскиот живот не завршува како филмовите, не правете нешта за кои би се каеле. Обидот да балансирате помеѓу забавата и обврските може многу да ве измори, така што обрнете поголемо внимание на обврските за овој викенд.

    ШКОРПИЈА

    Непријатна, тензична атмосфера во домот, веројатно предизикана од некои караници вон ваша контрола. Викендов опсервирајте и не правете избрзани одлуки. Доколку сметате дека треба да се преселите и да патувате во странство, темелно проучете се` што би ве очекувало во тој процес. Доколку сакате да го реновирате домот, не почнувајте веднаш – првин направете детален концепт за секој момент од реновацијата. Бидете благи во односот со родителите викендов, можно е и тие да минуваат низ турбулентни периоди.

    СТРЕЛЕЦ

    Важни разговори ќе одлучуваат за вашата иднина овој викенд. Зборовите на партнерот ќе ви го покажат вистинското лице – доколку слушнете нешто зајадливо и дрско, постои веројатност дека партнерот навистина го мисли тоа, не е само речено во афект. Преувеличување на важноста на некои документи, можеби некои институции ќе ги скријат од вас или ќе ве измачат многу дури да дојдете до потребните документи. Викендов зборувајте за чувствата колку и да ви делува непријатно, најверојатно ќе решите крупни проблеми со малку напор.

    ЈАРЕЦ

    Што придонесувате вие во домот, а што придонесува партнерот? Викендов разликите ќе бидат повидливи од обично и финансиите можат да станат основна точка на некоја караница. Имајте на ум дека материјалното никогаш нема да ја достигне вредноста на духовното – чувајте го сопствениот мир и мирот на луѓето околу вас. Ако не можете да започнете со нова рутина за вежбање или план за исхрана, викендов активно зборувајте за тоа. Повторувајте си дека е потребно, замислете го планот, на тој начин потсвесно ќе се убедите да го подобрите животниот квалитет.

    ВОДОЛИЈА

    Викендов вашето тело ќе ви посочи што не е во ред, а потребно е вие да го послушате. Доколку се чувствувате премногу исцрпени, размислете како да дојдете до поквалитетен и подолг сон. Доколку ве мачи изгледот, истражете кој е најдобриот начин за вас да дојдете во форма. Секојдневните и здодевни рутини ќе имаат посебно значење, правењето на нешто навидум безначајно како диплење на алиштата или чистење на домот, викендов ќе направи многу за вашата благосостојба.

    РИБИ

    Дали ја користите креативноста како алатка за бегство од реалноста? Викендов ќе станете свесни за сериозноста на обичните, забавни моменти, преку ситуациии како интересни излегувања во кои не можете да се чувствувате пријатно, затоа што сте свесни за заостанатите обврски. Уживањето во животот ќе биде многу поквалитетно доколку пред тоа ги завршите неодложните нешта. Поминувањето време со деца ќе ве заземји, смири и ќе ви ја покаже насоката во која треба да се движите.

    (Подготви: Сара Ѓорѓиоска)