×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ХОРОСКОП - 17.06.2021

    17.06.2021 06:44 | KumanovoNews

    Дневен хороскоп

    ХОРОСКОП - 17.06.2021

    ОВЕН

    Денес акцентот ќе биде ставен на завршување на заостантите обврски, средување на домот, започнување проекти и комплетирање на секојдневните рутини. При крајот на денот, не заборавајте да си дадете време за одмор и опуштање, можно е да се чувствувате малку исцрпени.

    БИК

    Месечината транзитира низ вашето поле на романси, креативност и плодност, па денес опуштете се со музиката која ја сакате, со добра книга, со некој потенцијален љубовен партнер или започнете креаирање на интересен уметнички проект. Можно е да се почувствувате збунето при крајот на денот или некој да сака да ве излаже за нешто.

    БЛИЗНАЦИ

    Денес ќе имате потреба да зборувате за нештата кои ве мачат, особено за нештата поврзани со семејството или со личните, интимни проблеми. Можно е да почувствувате распнати помеѓу семејните обврски и желбата да останете сами и да правите нешто што вие сакате. Оставете ги фантазиите за викендот, фатете се за работа.

    РАК

    Ќе имате зголемена потреба за зборување денес, особено со блискиот семеен круг, како братучедите или помалите браќа и сестри. При крајот на денот ќе ве преплави нејасна, уморувачка енергија и ќе биде важно да умеете да направите разлика помеѓу вистината и лагата, дури и вистината да не ви одговара.

    ЛАВ

    Денес е ден за активирање на финансиите или активирање на размислување за парите. Ќе имате енергија и позитивна атмосфера за да направите одличен финансиски план, да го распоредите буџетот, дури и да купите нешто убаво. Инвестициските планови исто така ќе бидат добро поддржани.

    ДЕВИЦА

    Денес ќе бидете особено харизматични и привлечни, искористете го тоа. Во текот на денот е можно да се појават измешани чувства во врска со партнерот, да не сте најсигурни во сопствените емоции или пак да имате чувство дека тие не се сигурни во својата љубов кон вас. Крајот на денот ќе ви донесе значајни моменти на длабоко поврзување.

    ВАГА

    Што сонувавте вчера? Соништата ќе ви бидат особено интересни, иако немаат некоја предвидувачка моќ. Искористете го денешниот ден за одмор и успорување, оставете си време за себеси, не ја трошете енергијата на луѓе кои не сакате да ги гледате. Ве очекуваат промени во домашната хиерархија во вечерните часови.

    ШКОРПИЈА

    Денес е идеалниот ден за дружба, проширување на кругот на пријатели, запознавање нови луѓе, градење и зацврстување на веќе постоечките пријателства или отпочнување на проекти во кои се вклучени многу луѓе. Денес имате потенцијал за водење на важни разговори за моќни нешта.

    СТРЕЛЕЦ

    Во вечерните часови на денот ќе ви се отворат моќни можности за сериозен напредок во кариерата, како и брилијантни идеи за финансиска стабилност, но обидете се да не се исцрпите ментално утрово. Можеби ќе се чувствувате малку несигурни во изборот на кариерата или како да заостанувате на професионален план – не обрнувајте внимание на негативности кои ве одвлекуваат од целта.

    ЈАРЕЦ

    На повидок се прекрасни романси, денот е одличен да се препуштите на љубовта, романтиката и позитивните страни на партнерствата. Внимавајте да не прецените некоја личност или да не создадете погрешна перцепција за нив. Ќе бидете особено енергични во вечерните часови, со огромна желба да истражувате.

    ВОДОЛИЈА

    Ако подолго време ве мачи некаков проблем од емотивна природа, денес е совршениот ден да се ослободите од негативните чувства. Оставете се што не е за вас да си оди од вашиот живот. Енергијата е особено поволна да решите некаков заостанат долг или можеби да ви се исплати нешто кое го очекувате.

    РИБИ

    Денот ќе ви овозможи прекрасна атмосфера за раѓање на нови романси и култивирање на романтичните чувства. Можно е да се залетате во нешто, понесени од инерцијата на Венера и сензуалната енергија, за подоцна да останете збунети, со нејасни чувства. Во вечерните часови се отвора можност да зборувате за нештата што ве мачат и со искрена и отворена комуникација да ги решите проблемите.