×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ХОРОСКОП - 19/20/21.06.2021

    19.06.2021 05:35 | KumanovoNews

    Викенд хороскоп

    ХОРОСКОП - 19/20/21.06.2021

    ОВЕН

    Викендов ќе започне со зголемени несигурности во врска со вашиот партнер. Некој од вас ќе се чувствува како да е не е доволно добар за другиот и како да не придонесува доволно за љубовната врска. Можни недоразбирања со бизнис партнерот или голем простор за сомнежи. Слушајте ги советите од пријателите во почетокот на новата седмица или поминете време со нив, тоа ќе ве усмери во вистинскиот правец.

    БИК

    Реактуелизација на некои здравствени проблеми, пример повторно појавување на главоболки, стрес предизвикан од работата. Секојдневните обврски викендов ќе ве изморат или ќе имате чувство дека не сте доволно компетентни да завршите некоја задача. Во понеделник имате можност да напредувате на работното место ако направите добар план и стратегија за нештата кои другите ги сметаат за здодевни и неважни.

    БЛИЗНАЦИ

    Иако ќе сакате да се забавувате и викендов вашата оска на дружба, романтика и забава е активирана, не се препуштајте на еуфоријата, бидејќи обврските брзо ќе ве преплават. Можно е да се чувствувате малку несигурни, да имате благ пад на самодовербата. Учењето нешто ново, нов курс, планирање на патување или разговор со ментор или родител ќе го направи викендот пријатен. Во понеделник направете простор за средба со пријателите.

    РАК

    Викендов посветете се на регулирање на финансиите, средување на буџетот, завршување на некои разговори и обврски во врска со наследства, данок или заеднички сметки. Исто така, претстои средување на долговите, што, секако, ќе донесе пријатни чувства. При крајот на викендот е можно да ве иритираат женските личности од блиското семејство или блиската околина, но останете трпеливи, веќе во понеделник ќе бидете посмирени.

    ЛАВ

    Лавовите ги очекува прекрасна енергија овој викенд – обидете се да излезете надвор, кратките прошетки ќе ви донесат многу убави спомени. Разговорите со пријателите овој викенд ќе бидат исклучително важни за зацврстување на вашето пријателство, но и ќе ви помогнат лично вам како личност да се чувствувате подобро и посамоуверено во својата кожа. Можно е при крајот на викендот да ве изненади некоја женска личност од минатото, а веќе во понеделник да знаете дали навистина сте ѝ недостасувале.

    ДЕВИЦА

    Можно е викендов да се почувствувате финансиски нестабилни или да ве загрижи некоја претстојна инвестиција. Фокусирајте се на завршување на работните обврски, оддржувајте пријатна комуникација со колегите и тоа ќе ви донесе големи успеси. Ако сакате поголеми бенефити од работното место, со почетокот на новата седмица, испланирајте со точно кои зборови да го побарате тоа и “понеделнички“ стремете се кон најдоброто.

    ВАГА

     Доколку сте во брак, викендов очекувајте активирање на некои проблеми, кои одамна не се решени. Сите нешта кои “сте ги ставиле под тепихот“, викендов ќе излезат на површина. Од друга страна, одлично време за зацврстување на врските со децата. Романтичните врски викендов можеби ќе се официјализираат или ќе достигнат ново ниво. Во понеделник ќе сфатите дека големите нешта се скријат во, навидум, мали зборови.

    ШКОРПИЈА

    Зборувањето за интимните проблеми, за нештата кои ве мачат, но сте се плашеле да ги споделите за да не бидете осудени, викендов ќе ве ослободи од складираната негативна енергија. Разговарајте со луѓе кои ве разбираат или кои барем ви мислат најдобро (најблискиот семеен круг или значајни пријатели) и споделете како се чувствувате. Дајте си време за одмор, викендов фокусот е на зборовите, не на делата, за во понеделник да бидете функционални и активни.

    СТРЕЛЕЦ

    Викендот е совршено време за ставање на вашите долгогодишни планови и соништа во акција! Можеби ќе запознаете некој нов пријател кој ќе ве инспирира да направите концепт за остварување на амбициите или ќе добиете важна поддршка од постоечкиот круг на пријатели. Почетокот на новата седмица ќе отвори можност за официјализирање на долгогодишни врски или разговори за градење на стабилна заедничка иднина.

    ЈАРЕЦ

    Семејството можеби ќе ви направи некои турбуленции во професионалниот живот викендов или ќе отвори некои прашања во врска со вашата кариера, кои ќе направат да се почувствувате несигурно во сопствените избори. Женските мислења ќе влијаат лошо на вашиот углед, така што бидете претпазливи од кого слушате совети. Викендов јавете се на колегите, ве очекуваат прекрасни разговори. Во понеделник ќе имате доста самодоверба, искористете ја во функција на професионален напредок.

    ВОДОЛИЈА

    Зборувањето за некои драги спомени, планирањето патувања, разговорите со ментори, професори или некои татковски фигури, викеднов ќе ве исполнат со позитивна енергија. При крајот на викендот можеби ќе се соочите со проблеми со самодовербата или со познатото “немам што да облечам“. Внимавајте на здравјето викендов, а од понеделник не се преморувајте и не се впушајте во недозволени активности на работното место.

    РИБИ

    Финансиски дестабилизации, но сосем за кратко – веднаш ќе најдете начин како да се извлечете од потенцијалниот проблем или како да ја отфрлите негативната мисла. Викендот ќе биде прекрасно време за дружба со семејствтото и потсетување на некои стари, добри моменти. Можни се креативни блокади или чувство на недоволно нежност и љубов помеѓу вас и вашите деца. Веќе во понеделник ќе останат само пријатни чувства за убав почеток на работната недела.

    (Подготви Сара Ѓорѓиоска)