×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • БУНТ ПРОТИВ СТРАВОТ

    Милош Стаменковиќ

    При секоја прошетка по улиците, може да се соочиме со погледи на уплашени луѓе. Уплашени од коронавирусот. Уплашени за егзистенцијата на нивните семејства. Уплашени од казни и неизвесна иднина. Со една реченица, се наоѓаме во стеги, кои не ги гледаме, но силно ги чувствуваме.

    И најтрагичниот дел, е фактот што не се обидуваме да направиме промена. Тоа што ни е потребно во оваа несигурно време е пример, како да делуваме. Што може ние да направиме, за да се надеваме на подобра иднина?

    Најдобриот пример, како една парадигма, повик, парола менува општествени состојби е Либан.

    По распадот на Османското царство, во дваесетите години на минатиот век, на територија на денешeн Либан, доминатна сила била Франција и тие воспоставиле систем на владеење, со прецизна поделба на власта. Претседателот на државата секогаш бил христијанин - маронит. Премиерот муслиман - сунит. Претседател на парламентот е муслиман - шиит, а неговиот заменик православен - христијанин. И тоа траело до граѓанската војна. Единствен недостаток на овој систем била позицијата на шиитите. Тие биле третирани како граѓани од втотиот ред. Ги работеле највалките работи, надничареле и трпеле секаков вид на малтретирање и понижување. Нивното будење од летаргијата, почнало во педесетите години, кога Саид Муса Ал Садр формирал организација која се грижела за нивните права. АМАЛ или „Надеж“ ќе го изроди Хезболах, како пресвртница за шиитеите во Либан.

    Не навлегувам што е Хезболах. Дали се работи за легална политичка организација или група на терористи? Тоа што е интересно за нас е начинот на кој тие ја започнале борбата. Првиот потег кој донел резултат е промена на парадигмата на шиитите. Надеж, дека можат да ја променат состојбата.

    И тоа е порака на шеикот Хасан Насралах, дека прво што треба да направи секој шиит во Либан, е да се соочи со самиот себе, и да ја извојува најголемата битка, да го победи сопствениот страв. Тој излегол со јасна порака „Бунт против стравот“. Со таков почеток Хезболах прераснал во една од најзначајните организации на Блискиот Исток.

    Последните 30 години граѓаните на Македонија се наоѓат во позиција на шиитите во Либан. Без разлика на национална припадност и верски убедувања. Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци и сите останати, се деградирани до најниско ниво на достоинство. Што би рекол Ѓорѓе Балашевиќ: „Принципот е ист, се останато се нијанси.“ Како во примерот на Либан, нашите окупатори се политички елити поставени од странци. Тие владеат само се еден метод. Тоа е примена на стравот. Уништување на секаков вид на отпор. Наметнување на безнадежност и летаргија. Уцена со работни места и заканување со апаратот на сила. Со еден збор „стравот“.

    Единствен одговор на прашањето „Што може ние да направиме?“ е пропоционално поинаков на тоа со што не притискаат. Тоа е бунтот против стравот. Кога ќе го победиме стравот, ќе ги победиме и нашите „окупатори“. За да дојдеме до тоа, за почеток, треба да примениме една мисла „Размислувај глобално, делувај локално“. Нашиот пример е идеален и споредлив со Либан на сите основи.

    Цитираниот шеик Хасан Насралах има објавено политичка хипотеза позната како „теорија на паукова мрежа.“ Неговата идеја е првенствено насочена во борба против Израел. И затоа вели: „Нивното општество е како паукова мрежа. Од надвор изгледа цврсто и сигурно, но ако го допрете тоа ќе се распадне. Потрошувачкото општество не е подготвено за жртвување. Тие ја имаат изгубено способноста за жртвување.“

    Во случајот на Хезболах, оваа теорија предизвика хаос и тероризам, и не беше успешна. Израел се покажа како цврста и сериозна држава спремна на секаков вид борба. Од едноставна причина и Евреите имаат поминато долг пат на самоосвестување како народ. Од голема држава, преку ропство, егзодусот, преку живеење во гета и Холокауст, до формирање на сопствена држава.

    Народ кој поминал таков патот е спремен на секаква жртва.

    Но, оваа теорија е како пишувана за состојбите во нашиот град. Куманово под доминација на една политичка партија денес е како пауковата мрежа. За неупатените е цврста и сигурна, а одвнатре растурена на пет фракции, поделена од суети и бизнис интереси. Не постои идеологија која ќе ги врзе на здрави основи. Тендерите се привилегија на мал број луѓе, а нив им се потребни многу гласачи. Едноставно речено, доволно е да ја допрете организацијата на екс комунистите и таа ќе се распадне на стотици парчиња.

    Ако и малку размислуваат од опозицијата да дојдат на власт во Куманово, доволно е да ги истражат успешните примери и да направат компарација со нив и нас. Ние не сме Французи да напрвиме Француска револуција. Немаме цар, уште помалку некој Лењин и Стаљин, за да направиме Октомвриска револуција. Не сме ниту Изрел да се бориме единствено за своите интереси. Но, можеме да го копираме примерот на Црна Гора. И тој модел е едноставен. Сите политички субјекти од опозиција, здружени, без суета и без компромис, извојуваа победа на изборите.  Во нашиот случај, за почеток, доволно е да се соочиме со себе и да го победиме стравот. Се останато е техничка работа.

    Всушност и во пресрет на најголемиот христијански празник, Христос не повикува да не се плашиме. Со Воскресение тој ја победил смртта. Христос Воскресе!

    Милош Стаменковиќ, писател

    Милош Стаменковиќ Милош Стаменковиќ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*