Повеќе населени места во Куманово и околните општини денеска и во наредните денови и недели ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини, најавени од ЕВН Македонија.
Да не се фрлаат влажни марамчиња, памперси, пластика, текстил и друг несоодветен отпад во канализационата мрежа, бидејќи предизвикуваат проблеми во функционирањето на целиот фекален систем, апелираат до граѓаните од ЈП „Водовод“.
Од понеделник ќе започне реконструкцијата на улицата „425“ во кумановската населба Тромеѓа, поради што ќе има промена во одвивањето на автобускиот превоз.
Советот на Општина Куманово денеска донесе oдлука за зголемување на основната главнина на ЈП „Пазаришта“ Куманово во износ од 4 милиони денари. Со ова зголемување капиталот на претпријатието ќе изнесува 26,5 милиони...
Кумановските акцијаши утре организираат еколошка акција на потегот околу улиците „Братство и единство“ и „Тодор Велков“, која ќе го опфати и Градскиот парк.
Три ученички од Гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово влегоа меѓу 120 тимови во земјата на натпреварот „Средношколец милионер“, со идејата „Цена на дланка“ - дигитална платформа што ќе им овозможи на граѓаните...
Здружението на дијабетичари од Куманово, во соработка со учениците од здравствената струка при техничкото училиште „Наце Буѓони“, организира бесплатна акција за мерење на шеќер во крвта и крвен притисок во Соколанскиот парк.