×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА

    Вовед

    Куманово вести е првиот локален веб-портал во Североисточниот регион. Во изминатите 13,5 години, порталот постојано се развиваше во медиумската сфера и веќе се здоби со редовна читателска публика и деловни соработници.

    Порталот произведува разновидна содржина, од вести за тековните настани до интервјуа, репортажи, тематски написи и истражувачки стории, што го позиционира како најпрофесионален и лидер медиум во регионот. Пристапот до информации е бесплатен за сите читатели, а обезбедуваме и платен простор за рекламирање и банери за деловни субјекти.

    Тимот на Куманово Њуз постојано го надградува порталот со нова програмска содржина, а веќе го прошируваме и опсегот на известување и воведуваме нови привлечни и модерни форми на медиумски продукти. Се обработуваат вести од сите шест општини во Североисточниот регион, а започнa и со производство на мултимедијални содржини.

    Новите производи овозможија визуелизација на содржината, а новиот деловен план привлече нова публика од целиот регион и го зголеми бројот на лојални читатели, кои можат да станат членови на Клубот на читатели или донатори. Исто така, обезбедуваме модерни и привлечни реклами за деловните клиенти.

    Имаме видливи резултати во првите шест месеци, со зголемување на бројот на читатели и деловни клиенти .

    Ги зајакнавме и нашите човечки ресурси, што ни овозможи да развиеме ефективна стратегија за маркетинг врз која ќе засноваме одржлив развој и очекуваме да ги зголемиме приходите.

    Истражувањето, спроведено со деловните субјекти, дава до знаење дека е потребна стратегија како дел од нивните планови за зголемена продажба и нови клиенти, што во моментов не се искористува. Преку рекламирање и промоција на ПР текстови, тие можат да допрат до широка публика низ целиот регион и да ги ублажат ефектите од здравствената и економската криза.

    Иако сме мал тим, ќе создадеме маркетинг стратегија за продажба на нашите производи / услуги за да го зголемиме бројот на читатели и клиенти, како и да генерираме нови приходи.

    Претпоставуваме дека за 10 месеци ќе имаме изедначување на приходите и расходите, а по првата година очекуваме приходите да бидат поголеми од расходите.

    Визија / Мисија / Цели

    Визија

    Високо развиена плуралистичка медиумска сцена со квалитетна мултимедијална содржина и изграден деловен однос со бизнис заедницата.

    Мисија

    Збогатување на понудата за огласување со нови алатки за маркетинг и зголемен број на деловни соработници и на реклами,

    Клучни цели

    1. Зголемен број на деловни клиенти

    Со зајакнување на кадровскиот капацитет и ангажирање на маркетинг агент, продукцијата на нови мултимедијални производи и обезбедување на попривлечен простор за рекламирање, очекуваме да се зголеми интересот на деловните субјекти за огласување во медиумот, што, пак, ќе обезбеди и нови приходи.

    1. Привлекување на нови деловни клиенти од сите општини од Североисточниот регион

    Во Североисточниот регион, нема медиум кој информира за настаните од сите општини од оваа географска област. Со новиот вид медиумски производи, ќе се етаблираме како регионален медиум, кој ќе овозможи зголемен број читатели од земјата и странство, но и зголемен интерес на деловниот сектор за рекламирање на нашиот портал, нови приходи и истовремено ќе ја зајакнеме нашата позиција на пазарот.

    Анализа на пазарот

    Куманово Њуз има околу 10.000-14.000 редовни читатели, а со новите производи очекуваме околу 2.000-2.500 нови читатели од сите општини.

    Медиумот работи со повеќе деловни субјекти - редовни клиенти и поддржувачи, повремени огласувачи и клиенти со еднократно рекламирање за време на празниците или при попусти и промоција на производи. Со засилена маркетинг стратегија, очекуваме да привлечеме нови деловни клиенти, како и национални компании, кои исто така би биле заинтересирани за рекламирање во локалните и регионалните медиуми.

    Читатели кои се заинтересирани за објавувањена платени реклами

    Мал број на читатели кои би сакале да рекламираат најразлични работи по пристапни цени.

    Деловни субјекти - огласувачи во медиумот од Куманово

    Повеќе деловни субјекти - редовни огласувачи и поддржувачи на медиумот, повремени огласувачи и клиенти за еднократни реклами и реклами за време на празниците.

    Нови потенцијални деловни соработници од Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Старо Нагоричане и Липково

    Повеќе нови потенцијални клиенти, кои би биле заинтересирани за рекламирање со проширување на известувањето од целиот Североисточен регион.

    Големи компании на национално ниво

    Некои компании, кои се рекламираат во националните медиуми, сепак, покажуваат или ќе покажат интерес за рекламирање во локалните и регионалните медиуми за поголема видливост на нивните производи и услуги

    Во Североисточниот регион има 4.174 активни деловни субјекти, од кои 98% (4,090) се мали претпријатија, 79 се средни претпријатија и само 0,19% се големи компании. Најголемиот потенцијал за рекламирање се очекува од средни компании.

    Потенцијални деловни клиенти

    Потенцијални огласувачи - деловни субјекти - 4.174

    Број на активни деловни субјекти во Североисточниот регион како потенцијални клиенти.

    Мали бизниси - Потенцијални огласувачи - 4.090

    Околу 98% од деловните субјекти во Североисточниот регион се мали претпријатија, со 1-9 вработени и низок финансиски капацитет

    Средни претпријатија-79

    Овие деловни субјекти имаат најголем потенцијал за рекламирање во медиумот.

    Големи претпријатија

    Само 0,12% од деловните субјекти се големи компании од кои може да се остварат потенцијални приходи за медиумот.

    Компании на национално ниво

    Овие компании главно се рекламираат во националните медиуми, но постои можност да се рекламираат преку локалните медиуми за поголема видливост на нивните производи и услуги.

    Профил на целната публика

    - Читатели кои добиваат бесплатни услуги

    Нашата публика е во просек 35-64 години, со високо и средно образование, поголем процент се жени, заинтересирани да читаат за политички настани, култура, локални вести, интервјуа и репортажи, лица кои исто така планинарат, спортуваат, читаат книги итн.

    - Деловни субјекти

    Малите и средни претпријатија, како и мал број макро компании, главно од производствените и услужните области, ќе бидат главните клиенти на Куманово Њуз. Покрај реклами, ќе ги охрабриме да рекламираат и ПР-текстови. Овие компании немаат голема финансиска моќ и развиена стратегија за маркетинг, па оттука, нашата цел ќе биде да обезбедиме долгорочно рекламирање на постојните клиенти.

    Истовремено, ќе се бараат и нови деловни клиенти, особено меѓу големите национални компании, кои имаат свои претставништва во Североисточниот регион или имаат потенцијални клиенти од овој регион.

    -Политички партии

    Претставниците на политичките партии се потенцијални клиенти, кои го користат рекламниот простор за време на изборни процеси. Ова не е планиран приход, но со оглед на тоа што речиси секоја година има избори, може да се очекуваат еднократни приходи по овој основ.

    Маркетиншки трендови

    Пандемијата веќе предизвикува промени во однос на прилагодување на известувањето кон новите услови, како што се дигитализацијата, новите новинарски форми и новите видови на рекламирање.

    Кај медиумите веќе има тренд на ограничен пристап до информациите, воведување на чланарина и донации, како и нови рекламни форми.

    Сепак, здравствената и економската криза се сериозен удар за локалните медиуми, кои се соочуваат со мал и ограничен пазар и со намален интерес за рекламирање од страна на деловните субјекти.

    Куманово Њуз развива сопствена маркетинг стратегија што е прилагодена на новите маркетиншки трендови. Ангажиран е маркетинг агент, организираме состаноци со деловни клиенти и презентации на нашите пакети со услуги, потоа рекламни попусти и други поволности. За најверните читатели и деловни соработници, формиравме Клуб на читатели и ќе обезбедиме мали промотивни подароци со логото на медиумот.

    Во идниот период треба да бидеме насочени и кон поголемата присутност на социјалните мрежи.

    МАРКЕТИНГ ПЛАН

    Стратешки цели:

    општини во Североисточниот регион

    СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ

    Зголемување за 5% на реклами од деловни субјекти за 6 месеци (април-септември 2021 година)

    Зголемување на бројот на реклами за дополнителни 5% за следните 6 месеци (октомври 2021 година - март 2022 година) –или вкупно за најмалку 10% за период од 1 година

    Зголемување на профитот за најмалку 5% до крајот на 2021 година

    Проширување на рекламниот простор за нови клиенти од сите

    општини во Североисточниот регион

    Зголемување на приходите за 20-30% за периодот март 2022-март 2023 година

    Развоен план

    За остварување на маркетиншките цели, Куманово Њуз ќе се води од процесот на маркетиншката инка и предвидените чекори.

    Промоција на медиумот

    Понуда за рекламирање

    Анализа и истражување на потребата од понудата

    Одлука на клиентот да стане огласувач

    Повторувачки клиент

    Клиент кој ги препорачува услугите на медиумот на други деловни субјекти

    Целта на Куманово Њуз е преку зголемена промоција да ја презентира понудата на што е можно поголем број на деловни клиенти. Особено ќе биде посветено внимание на деловните соработници да им се овозможи да направат соодветна анализа за потребата од рекламирање во медиумот, како и да донесат одлука да станат наши деловни клиенти.

    Со атрактивна понуда и пристапни цени ќе работиме на стратегија за задржување на клиентите и тие да станат наши постојани(повторувачки) клиенти, кои понатаму ќе не препорачуваат како релевнатни и соодветни соработници на нивните деловни клиенти.

    Маркетиншки канали

    За комуникација со своите корисници и клиенти, Куманово Њуз ќе ги користи следниве канали:

    -Директна продажба

    Маркетинг агент ги посетува компаниите и ја претставува понудата пред рекламниот медиум.

    - Лични контакти

    Тимот на Куманово Њуз ги користи своите лични контакти и деловни односи за привлекување нови деловни клиенти.

    -Веб страница, страница на Фејсбук, социјални медиуми

    Овие канали се наменети за постојните читатели и деловни соработници, иако имаат за цел да привлечат и нови корисници.

    - Комуникација по е-пошта и Фејсбук (спонзорирани објави)

    Овие канали се првенствено наменети за промовирање на порталот, со цел да привлечат нови читатели и корисници на нашите услуги и производи.

    -Брендирани производи и подароци со логото на Куманово Њуз

    Користењето на овие канали е главно наменето за деловни клиенти и најлојални читатели, како и за привлекување нови деловни субјекти што ќе се рекламираат на нашиот портал.

    Мерки за имплементација на маркетиншки цели

    Мерки

    Активности

    Резултати

    Ангажирање на маркетинг агент

    -Подготовка на месечни планови за средби со деловни клиенти

    -Средби со деловни клиенти

    -Промоција на понуда за реклами на медиумот

    -Обезбедување на минимум една реклама месечно

    -Зголемен број на повторувачки (постојани) деловни соработници

    -Зајакната доверба со лојални клиенти

    Креирање на понуда за рекламирање

    -Изготвување на понуда со посебни услови и ценовник за стандардни реклами и ПР текстови

    -Изготвување на понуда со ценовник за видео реклами

    -Зголемена маркетинг промоција за огласување во медиумот

    -Поставен банер за деловна понуда на насловната веб страница на медиумот

    Воспоставување на соработка со деловни субјекти од сите општини во Североисточниот регион

    -Контакти и средби со клиенти од сите општини од регионот

    -Промоција на понудата за огласување во медиумот

    -Нови деловни соработници

    -Обезбедени најмалку 5 реклами од деловни субјекти од другите општини

    Планирани приходи

    Со оглед на здравствената криза (пандемијата) и последователно на тоа и економската криза во земјава, се намалија и приходите на нашиот медиум од деловните соработници. Потешкотиите во компаниите, конкретно намалените плати, отпуштањата на работници, намалениот обем на производство и слично, како и неизвесноста на времетраењето на кризната состојба, ги запреа речиси сите деловни активности, а особено маркетиншките и промотивни активности на деловните субјекти. Од тие причини и Куманово Њуз, регистрираше намалени приходи од огласување на достапниот рекламен простор, како главен извор на приходи за медиумот.

    Со стивнувањето на здравствената криза и повторното заживување на економските активности, се надеваме дека 2022 година ќе биде поуспешна на деловен план, иако последиците од пандемијата уште долго ќе се рефлектираат врз економските активности.

    Сепак,нашите предвидувања се дека ќе успееме да го достигнеме планираното зголемување на приходи за 5 % во првите 6 месеци од започнувањето на поддршката на Media for All програмата, или дека за една година ќе достигнеме 10% зголемени приходи, па дури и нешто повеќе.

    И покрај тешката состојба, со зајакнувањето на тимот, како и ангажирањето на маркетинг агент и производство на нови медиумски продукти, се надеваме дека ќе продолжиме со континуиран раст. Нашите предвидувања, додека нема неочекувани пресврти со здравствената и економска криза, се дека во периодот од март 2022-март 2023 година приходите може да се зголемат од 20-30%.

    Во овој развоен план, многу ќе биде важно доколку успееме и во следниот период да обезбедиме поддршка од донатори и расположиви фондови, што ќе влијаат на развојот на медиумот со нови форми на новинарски производи, а со оглед на тоа и со нови деловни клиенти и зголемени приходи.

    Мониторинг и евалуација

    Проектниот тим постојано ќе ја надгледува деловната соработка, понудата за рекламен простор и реализацијата на огласувањата.

    Евалуацијата ќе се врши повремено преку анализа на постигнувањата и преземање на најадекватни мерки за зголемување на приходите.

    Показател за остварувањето н стратешките цели ќе биде билансот на деловните соработници и остварени приходи.

    Мониторинг и евалуација, истовремено, ќе вршат и нашите донатори и поддржувачи со поднесување на извештаи и други документи.

    Заклучок

    Куманово Њуз е присутен на медиумската сцена цели 13,5 години и досега успеа да се потврди кај читателите како професионален, објективен и независен медиум.

    Со поддршка на нашите донатори, медиумот ги зајакна капацитетите, односно и човечките и техничките ресурси, со што се создадоа услови за поквалитетно информирање и производство на нови содржини.

    Опсегот на информирање е проширен на сите општини од Североисточниот регион, а нова понуда се мултимедијалните продукти.

    Очекуваме дека стратешките цели и приоритети ќе ги реализираме според планот и дека ќе постигнеме добри резултати.

    Наша најважна цел е да ја задоволиме потребата на читателите за информирање, да ги актуелизираме нивните потреби и проблеми, да ги афирмираме сите добри практики и искуства и да изградиме медиумска заедница на ангажирана публика.