Bucen Kozjak
04. 12. 2017 15:33

Изложба на слики и фотографии:„Младите творат додека градот спие“

Изложба на слики и фотографии:„Младите творат додека градот спие“

Во салата на Занаетчискиот дом, утре од 18 до 20 часот, ќе се одржи изложба на уметнички творби на тема:„Младите творат додека градот спие“.

Изложбата ја организираат младите волонтери од ЦИД, Академија за млади лидери, а има за цел мапирање на проблмите со кои младите се соочуваат во нивната локална средина, користејќи ја уметноста како алатка, воедно и претставување на овие проблеми пред донесувачите на одлуки и други релеванти институции.

Со овој настан ќе се одбележи Меѓународниот ден на волонтери, со читање на поезија, презентација на прикажаните проблеми и доделување на награди и благодарници.