×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одиме напред како МАКЕДОНЦИ

    Митко Бојмацалиев

    Многу политичари во минатото, многу предходни премиери, го посакуваа ова што и успеа на оваа Влада, да го решиме спорот со Гриција, да го зачува идентитетот и јазикот и да го отвориме патот кон НАТО И ЕУ.

    И да, не е лесно да го смениш името на татковината, кое во минатото исто така многу пати е менувано, но сепак задржани се: идентитетот и јазикот, нешто што е многу значајно, нешто што не прави сите многу горди и среќни. Докажуваме кои сме и на кој јазик зборуваме. Одиме напред со својот идентитет и својот јазик, не со друг. Ни се отвара патот на напредок и просперитет. Влагаме во едно големо семејство каде сите го зборуваат својот јазик, а сепак се разбираат и поддржуваат.

    Оваа одлука на Владата, пратениците и сите нивни поддржувачи е вистинска патриотска одлука, одлука за европска иднина, за безбедна татковина, за татковина во која ќе ја гледаме својата иднина со наш пасош под наше знаме.

    Многу генерации младоста ја помина во неизвесност и нестабилност, заглавена во балканските сокаци, но идните генерации со сигурност ќе живеат во една модерна, европска, демократска држава.

    Но битката за подобрна иднина тука не завршува тука, само што почнува вистинскиот натпревар во кој не е „играч“ само владата, пратениците и политичарите туку сите ние, граѓаните го играaт овој натпревар, за себe, за нашите блиски, за нашата татковина. Да покажеме и ние граѓаните мудрост и посветеност во носењето на европските вредности во нашата татковина. Само така ќе не биде, само така ќе опстанеме, само така ќе се развиваме и ќе растеме.

    И запомнете бевме и останавме МАКЕДОНЦИ кои зборуваат МАКЕДОНСКИ, но сега со европска наместо со барокна ИДНИНА!

    П.С

    Во Бугарија по влезот во ЕУ и НАТО просечната плата порасна дупло, а невработеноста се намали од 17% на 5%.

    Во Романија просечната плата порасна за 400% (отсто), а невработеноста се намали од 15% на 4%. Во Хрватска вработеноста кај младите се зголеми од 26% на 43%.

    Митко Бојмацалиев Митко Бојмацалиев

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*