Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На крајот на оваа година во Куманово ќе се организираат „Денови на Бања Лука„ на кои ќе биде претставена културната и туристичката понуда на овој збратимен град.
Оваа соработка ја договорил градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, при дводневната посета на Општина Бања Лука, Република Српска, по повод денот на градот.
„Со градоначалникот на Бања Лука Игор Радојичиќ остварија средба на која разговараа за продлабочување на меѓусебна соработка во повеќе области, а посебно помеѓу културните и образовните институции во двете општини. Се договорија дека во наредните месеци ќе ги интензивираат меѓусебните контакти за регионални поврзувања. Домаќинот се заблагодари на Општина Куманово за несебина поддршка што Општината ја даде на Бања Лука за време на катастрофалните поплави во 2014 година“, - соопштуваат од Општина Куманово.