×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски за 100 дена не реши ни еден проблем во Општината, обвини ВМРО-ДПМНЕ

    12.02.2018 19:19 | KumanovoNews

    Од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, дека за првите 100 дена од неговиот мандат не започнал ни релизирал ниту еден проект за граѓаните.

    Димитриевски за 100 дена не реши ни еден проблем во Општината, обвини ВМРО-ДПМНЕ

    „За 100 дена Максим Димитриевски освен сликање по парадирачки тековни настани, не успеа да реши ниту еден проблем на граѓаните. Куманово стана град кој е неподнослив за живеење од секој можен аспект, а животот во селата е застанат како во 18. век. Граѓаните таму немаат основни услови за живот“, - изјави кумановецот Игор Божиновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во Скопје.

    Тој додаде дека Димитриевски и СДСМ ветувале живот за сите, а животот дошол само за партиските војници на СДСМ. Според Божиновски во Општина Куманово владее партиски и семеен непотизам и се вработуваат само партиски војници на СДСМ.

    „Проблемот со загадувањето за кој Димитриевски ветуваше дека ќе се реши веднаш по неговото доаѓање на функција, е поголем проблем за граѓаните од било кога. Куманово е позагаден град од било кога. Аерозагадувањето руши рекорди во цел свет, а кумановчани се трујат и гушат во смог. Станавме рамо до рамо со најзагадените градови во светот“, - рече Божиновски.

    Тој упати забелешки и за дивите депонии и речното корито, сообраќајниот хаос, урбаната мафија, градењето без план, невработеноста и отсуството на инвестиции во општината.