×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • До 10 јуни уписи на децата во градинката “Ангел Шајче“

    23.05.2018 07:33 | KumanovoNews

    До 10 јуни годинава трајат уписите на деца во градинката „Ангел Шајче“ во Куманово. Во новата учебна година ќе бидат запишани над 300 дечиња.

    До 10 јуни уписи на децата во градинката “Ангел Шајче“

    „Родителите кои имаа потреба од сместување на своите деца треба да поднесат барање за упис во градинката. Приемот ќе се изврши од 10 до 15 јуни, по што родителите ќе бидат известени дали нивните деца ќе бидат примени од 1 септември или ќе немаме можност да ги згрижиме“, - изјави директорката Марина Алексовска.

    Уписите се пред се за дечињата во јаслените групи, а и за останатите доколку има место.

    „Од градинката 425 деца заминуваат во прво одделение, меѓутоа бројот на деца кој се прима е оној во јаслените групи и по некое во другите групи и затоа не одиме со иста бројка колку се испишуваат толку да примиме“,- објаснува Алексовска.

    Секоја година во кумановските градинки се бара место повеќе, бидејќи сместувачки капацитети се недоволни во однос на потребите за згрижување на дечињата. Во моментот во градинските се сместени околи 1900 деца, а капацитетот е за околу 1000 дечиња.  На листата на чекање од предходната година има 700 деца.