Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Добиточниот пазар во селото Долно Којна ќе биде отворен и утре (понеделник), поради празникот Курбан Бајрам, информираат од ЈП „Пазариште“ Куманово.
- За да им излеземе во пресрет на сточарите кои продаваат, но и на граѓаните кои сакаат да купат добиток за празникот ќе работиме и во понеделник со вообичаено работно време. Затоа ги известуваме граѓаните дека можат и утре да го посетат пазарот , - изјави директорот Илир Саити.
Граѓаните од муслиманска вероиповест во вторник го слават празникот Курбан Бајрам.