12. 01. 2018 22:17

Игор Божиновски избран за член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Игор Божиновски избран за член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ

 Игор Божиновски од Куманово е избран за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Божиновски е член на Централната правна комисија, претседател на правната комисија, а беше и портпарол  во општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

Вработен е во Централен регистар Куманово.

Во Извршениот комитет на партијата е избран и актерот Тони Михајловски, кој е кумановец.

Во највисокото партиско тело на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово досега беше Марио Цветковски. 

Вечерва во централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ, беше избран новиот Извршен комитет на партијата. Нов генерален сектретар со одлука на ЦК е Игор Јанушев.

Потпретседатели се Митко Јанчев, Александар Николовски и Владо Мисајловски.

stuz
Hristijan Karpos
Garden Cvecara
NER
Parking
Joco Turs
Staro Nagoricane