500x100-1
18. 09. 2019 16:03

Македонски бизнисмен со фирма од Куманово, ја хакирал страната на „Ветераните за Трамп“

Македонски бизнисмен со фирма од Куманово, ја хакирал страната на „Ветераните за Трамп“

Бизнисмен од Македонија, кој се претставил како Андреј Спасовски, а чија фирма била регистрирана во Куманово, годинава во март, ја хакирал страната на „Ветераните за Трамп“.

Фејсбук страната „Ветерани за Трамп“ е место каде поранешните американските служби го советувале Доланлд Трамп, разменувале сопствени мислења и постирале конзервативни „мемиња“. Станува збор за станица која имала над 100.000 следачи.

Како што пренесува весникот Вашингтон пост, личноста, којашто се идентификувала како Андреј Спасовски, им понудила на администраторите на „Ветераните за Трамп“, да му дозволат на нивната фејсбук страница да постира реклами за профит од десетици илјади долари годишно. Тие им ја дале администратирната моќ на лажните соработници, за потоа да увидат дека го губат својот админ пристап.

Измамата се открила, откако една жена сакала да уплати донација за ветераните, во име на нејзиниот починат татко, а тие ја упатиле кон ПејПал акаунтот, којшто е директно поврзан со нивната фејсбук странa. Трансакцијата на пари требала да се одвива преку компанијата „Ад Брејк“, за која на крајот во истрагата се открило дека станува збор за компанија која е регистрирана во Куманово.

Овој случај покажува како дезинформациите коишто се шират преку интернет, можеле да одиграат голема улога во пресрет на претседателските избори во САД 2020, затоа што ветараните, како и поранешните припадници на американските служби се оние кои во голем процент излегуваат да гласаат, а притоа и имаат сериозно влијание врз останатите гласачи.

Хасот кој им го создал Македонецот „Андреј Спасовски“ довело до повеќемесечно погрешно комуницирање и неактивност.

Македонецот којшто се претставувал како Андреј Спасовски е всушност велешанец и неговиот брат, кои се пославија со претседателските избори во САД 2016, за кои се сметаше дека му помогнале на Трамп да ја добие претседателската битка, преку ширење на лажни вести, преку Фејсбук страни.

 Извор (Вашингтон пост)