×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Премиерот Заев во посета на „Мултимедијанет“

    14.10.2019 16:59 | KumanovoNews

    Премиерот Зоран Заев, во придружба на министерот Оливер Спасовски, по работната посета во индустриската зона во Речица, ја посети и компанијата „Мулимедијанет“ во Куманово.

    Премиерот Заев во посета на „Мултимедијанет“

    На средбата со директорот Тони Тошевски, било разговарано за условите на работа на кабловските и мобилни оператори во државата, како и за плановите на Владата за поголема поддршка на домашните компании и стопански субјекти, заради економски развој и намалување на невработеноста во државата.

    „На наша голема чест и задоволство во посета на компанијата престојуваше премиерот Заев, министерот Спасовски и директорот на „ГАМА“,  Александар Арсиќ. Разговаравме за проблемите со кои се соочуваме во нашето работење, меѓутоа и за нашите планови, проекти и визии за во иднина. Ние сме една од посериозните кабловски оператори во државата, а нашата мрежа покрај во Куманово ја шириме и во Скопје, Тетово и другите градови. Од неодамна сме и дел од четвртиот мобилен оператор 074, кој се повеќе го завзема своето место на пазарот, поради добрите услови и пристапните цени“, - изјави Тошевски.

    Компанијата „Мултимедијанет“ е меѓу десетте најуспешни фирми во Куманово, со стотина вработени. Станува збор за општествено одговорна компанија, којашто е подржувач и на повеќе јавни настани, културни и спортски манифестации во градот.