Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Североисточниот плански регион (СИПР) во наредните 6 месеци ќе реализира проектот- регионален форум во заедницата, кој има за цел да го зајакне граѓанското учество во процесите на одлучување на регионално ниво.
Основна цел на проектот е да се подобрат постојните партнерства помеѓу локалните и регионални ентитети и да се креираат нови партнерста на локална и регионална основа, со цел да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на целата заедница.
Граѓаните од од Североисточниот плански регион ( жителите на шест општини од регионот: Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Кратово, Ранковце и Крива Паланка) ќе имаат можност самите да одлучуваат за проектните идеи и предлог проекти кои ќе се реализираат во рамки на четири теми дефинирани со проектот "Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој" и тоа од областа на туризам, животна средина, бизнис инфраструктура и социјална инклузија.
Форумот финансиски е подржан од Швајцарската Агенција за развој и соработка а се реализира во соработка со Министерството за Локална Самоуправа, како дел од проектот "Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој".
Првата форумска сесија од регионалниот форум во заедницата ќе се одржи утре во 12 часот во ресторан Грација во Куманово.