×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Училиштето „Браќа Миладиновци“ прослави 65 годишен јубилеј (галерија)

    24.05.2018 12:31 | KumanovoNews

     Најстарото основното училиште во градот „Браќа Миладиновци“, одбележа 65 години постоење и успешна работа. Со голема приредба насловена „Куманово те гушкаме“ во спортската сала Куманово, учениците од сите одделенија низ песни и игри го прославија големиот јубилеј.

    Училиштето „Браќа Миладиновци“ прослави 65 годишен јубилеј (галерија)

    На прославата присуствуваше заменик министерот за образование Арбер Адеми, кој нагласи дека Министерството за образование има една цел, градење на квалитетен образовен систем, што создава квалитетни кадри.

     

    „Нашата држава, нашата татковина нема друг и подобар ресурс за напредок од младите. Немаме долги песочни морски плажи, но ги имаме овие млади луѓе, така што на глобалниот пазар можеме да конкурираме само со знаење, идеи и иновции“, - рече Адеми.

    Потпретседателот на Владата и министер Оливер Спасовски честитајќи го празникот на учениците и вработените истакна дека многу му е драго што на овој значаен ден е дел од прославата на неговото училиште „Браќа Миладиновци“.Тој посака училиштето да остане најсилното и најградското училиште, расадник на кадри кои ќе ја водат државата и градот.

    „Наш врвен приоритет како Влада е да имаме квалитетно образование, затоа работиме многу на реформите во образованието. Само образовани луѓе можат да допринесат да се движи градот напред и Република Македонија“,  - истакна Спасовски.

     Во името на Општина Куманово јубилејот го честиташе и присутните ги поздрави претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска.

    „ Горди сме што овие ученици постигнуваат извонредни резултати на сите предметни натпревари на локално, регионално и национално значење. Особено признание на наставниот кадар и менаџментот, кои покрај успесите во воспитно-образовниот процес несебично се вложуваат и во изработка и имплементација на значајни меѓународни и државни проекти, се со цел обезбедување на подбри просторни услови за работа со учениците“, - истакна Мургашанска.

    Директорката Марина Манојловска се заблагодари на подршката низ годините, како на општината и државата, така и на родители и учениците.

    „Денеска славиме голем јубилеј-65 години постоење на општинското основно училиште „Браќа Миладиновци“. Нема да ви зборувам за историјата на нашето училиште, која е длабоко вметната во историјата на нашиот град. Нема да зборувам за нашите успеси бидејќи тие се дел од растот и развојот на овој град. Денес во предвечерјето на големиот празник на македонските просветители „Кирил и Методиј“, чие дело го спроведуваме и заедно со вас го славиме големиот јубилеј“, - рече во своето обраќање директорката Манојловски.

     Јубилејот го честиташе и францускиот амбасадор во Република Македонија Кристијан Тимоние, кој има порача на учениците да го изучуваат францускиот јазик, да соработуваат со своите врсници од француските училишта и да бидат чести гости во Франција.

     Основното училиште „Браќа Миладиновци“ постои од 1953 година, прво училиште каде наставата почнала да се изведува на македонски јазик. Тоа е едно од најстарите училишта во општината. Лоцирано е во центарот на градот и опфаќа ученици од централното подрачје, реонот на Соколана и селата Пчиња и Студена Бара кои се во состав на училиштето. Работи во пет училишни згради и функционира како централно училиште со две подрачни и едно училиште за деца со посебни образовни потреби.