Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Српската пејачка Јелена Томашевиќ вечерва ќе одржи концерт на Градскиот плоштад во Крива Паланка.
Градоначалникот Борјанчо Мицевски ги повика кривопланечани и граѓаните од соседните општини да дојдат и да го проследат вечерашниот музички настан, на кој покрај Јелена Томашевиќ , посетителите ќе имаат можност да ги проследат настапот на Димитар Андоновски и „Тајфата“.
Мицевски денеска организираше прием за Јелена Томашевиќ.
Познатата пејачка се заблагодари за поканата да биде дел од културните збиднувања во Крива Паланка и ги покани кривопаланчани да дојдат масовно вечерва на концертот заедно да пејат и да се дружат.
Концертот е закажан во 21 часот.