×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почина Оливер Драгојевиќ

    29.07.2018 11:44 | KumanovoNews

    Легендарниот хрватски пејач и композитор Оливер Драгојевиќ, почина утрово во Сплит на 71-годишна возраст, потврди неговото семејство за весникот „Слободна Далмација“.

    Почина Оливер Драгојевиќ

    Драгојевиќ изминативе 12 месеци се лекуваше од рак на белите дробови, но и покрај тоа, продолжи повремено да настапува.

    Со кариера од преку 50 години, Драгојевиќ беше еден од најуспешните и најомилени поп пејачи во поранешна Југославија.

    Роден во Сплит во 1947 година, Драгојевиќ беше поврзан со музиката од најраната возраст. Првиот настап го имаше на Сплитскиот детски фестивал во 1961 година, за шест години подоцна, за првпат да настапи и на престижниот Сплитски фестивал, но без голем успех.

    Првиот од неколкуте десетици албуми го издаде во 1975 година, кога на истиот фестивал го отпеа својот голем хит „Галеб и јас“, почнувајќи успешна соработка со композиторот Зденко Руњиќ, што ја обележа неговата кариера.

    Драгојевиќ полнеше сали не само во регионот, туку и низ целиот свет, настапувајќи во „Карнеги хол“ во Њујорк, „Ројал Алберт хол“ во Лондон и во париска „Олимпија“. По распадот на Југославија, одржа и неколку концерти во Скопје, кои редовно привлекуваа огромен интерес.

    Пред хрватската публика за последен пат настапи на 15 октомври минатата година.

    (Извор. СДК.мк)