×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЕНЕРГИЈАТА НА МОЈОТ ГРАД

    Игор Божиновски

    Од првиот до последниот, од најстариот до најмладиот жител на градот, политичките претставници, невладиниот сектор, владиците на МПЦ . . . сите тие заедно застанаа на бедемот за одбрана на градот од онаа што со години им нанесува штета и им ја отежнува живеачката. Досегашниот молк и немо сведочење на штетното околу нив се претвори во крик за отворена борба.

    Повлекувајќи неслучајна паралела со овој настан, сметам дека Куманово “плаче” за една ваква демонстрација на заедништво, која ќе не доведе до конечна промена на локалната политичка карта. Секојдневните муабети и размислувања што деновиве можат да се слушнат од кумановчани навестуваат една бурна 2013-та пролет. Во Куманово се акумулира позитивна енергија за промена на политичкиот курс на градот, енергија која ќе “експлодира” во вистински момент за да се стави крај на погубната и штетна политика, што СДСМ ја спроведува повеќе од 20 години во нашиот град. Токму таа енергија на моите сограѓани ќе резултира со подобро утре!

    Енергијата на кумановчани ќе извојува победата на која сите ќе бидеме горди, победа и крај на две-децениското недомаќинско и штетно работење. Енергијата на кумановчани ќе ја запечати политичката судбина на една гарнитура која досега успеваше да се промовира како избор преку манипулирање и ефтини трикови. Крајно време е Куманово да го добие ликот и местото кое го заслужува.

    ВМРО-ДПМНЕ наметна нов политички тренд во функционирањето, тренд кој безнадежно се обидуваат да го копираат (а неретко испаѓаат и смешни!). ВМРО-ДПМНЕ покажа дека не се бори да ја добие довербата од граѓаните за да владее, туку за да го надомести пропуштеното, со многу работа и отчет за сработеното.

    А во Куманово бајаги е пропуштено. И не само тоа – ветија, а не исполнија, а она што не го ветија, го исполнија, но за жал, тоа “добро” го почувствувавме на наш грб!

    Додека ВМРО-ДПМНЕ не вети, но ги зголеми пензиите на пензионерите, СДСМ и градоначалникот не ветија и не најавија, но ја зголемија цената на водата. Додека ВМРО-ДПМНЕ не вети, но ја спроведе легализацијата на дивоградбите во државата, СДСМ и градоначалникот ветија катна гаража, а наместо неа ги исцртаа улиците и дворните места пред зградите и куќите. Додека ВМРО-ДПМНЕ гради патишта и регионални коридори, инвестира во образованието и здравството, СДСМ и градоначалникот “инвестираат” во увезени турбо-фолк звезди. Додека ВМРО-ДПМНЕ започнува со реализација на проектот “Купи куќа – купи стан”, СДСМ и градоначалникот не престануваат да лажат дека 3,5-те милиони евра доделени од Владата за подобрување на животот на кумановчани се всушност општински пари. Премногу е! Претераа!

    Уште нешто што е актуелно деновиве, а кое ќе остави белег во политичките рамки во Македонија – пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Република Македонија ја доби правната битка, светот ја дозна вистината, а домашните анти-македонски политички фактори капитулираа. Преку еден круцијален документ каква што е пресудата од Хаг, се покажа исправноста на политиката на Владата на Република Македонија и премиерот Никола Груевски во одбрана на македонската државност, идентитет и јазик. Обвинувањата, врз кои лежеше целокупната политика на опозицијата, за анти-НАТО, анти-европска и изолаторска политика доживеаја тотално фијаско. Речиси едногласни се оценките на експертската јавност дека после оваа правна победа, повеќе од јасно е дека курсот на актуелната политика е исправен и победнички, а Македонија е на вистинскиот пат!

    Вистинските вредности треба да се наш избор. Дела, а не зборови, носат добро за сите! Енергијата на мојот град ќе победи!

    Член на ВМРО-ДПМНЕ

    Игор Божиновски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*