×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Игра околу тронот

    Сашо Тодоровски

    Железното столче во Македонија кое е узурпирано од лошите почна да се топи. И железото има своја точка на топење, а играта околу тронот привршува. Лажните гипсени фигури распукуваат. Ја следиме последната сезона, а актерите отстапуваат и се губат…

    На почетокот некаде во 2006 ветуваа мориња и планини, скоро па идеален живот, слобода, демократија и економска преродба во портокалова боја, а наместо тоа добивме една сурова борба за власт, ставање се под контрола, (дури  и кафулињата), енормно лично богатење, а назадување на Македонија во економски, политички , демократски  и демографски аспект. Македонија не мрдна ниту чекор за разлика од другите држави во нашето соседство.

    Што направивме ние од Македонија или што направија тие последниве десет години. Дали некогаш сме се запрашале, дали некогаш размисливме каде не донесе мачната пропаганда, силно платените реклами, потрошените пари, се со цел да се оддржи една власт морално отуѓена која допринесе во Македонија да живеат, и што е уште позначајно за нив - да ги имаат сите привилеги, да можат да казнуваат, да заплашуваат, и тоа оние кои се во владејачката партија и кои се на власт. Затоа што ако не сте со нив, тие ќе ве гледаат со омраза, ќе сметаат дека сте им непријател, и наместо да ги прифатат вашите добронамерни совети, да ги слушнат критиките и да подразмислат околу нив, тие едноставно немилосрдно земаат бич во рака и се закануваат, фрчат казни, се обидуваат да стават се под контрола.

    Па дали е тоа Македонија која ја сакаме? Дали тоа е земјата на добрите, гостопримливи и секогаш хумани Македонци?

    Сакам да порачам дека мораме итно да направиме разлика од тоа што е политичка партија која треба да му служи на народот, а што е држава во која сите живееме, сите плаќаме даноци за неа, и сите сакаме таа држава да оди напред и да има просперитет.

    Дали се изгуби Македонија како Македонија во битката за тронот? Дали оние што го имаа тронот и престолот ја обезличија Македонија како држава на сите, и дали криејќи се под името Македонија се обидоа да го поделат народот, во смисла - ако  не си за НИВ за нивната политика, не си за Македонија?

    Да, го постигаа токму тоа, ако не размислуваш како нив ти не ја сакаш Македонија, тоа е нивниот став,тоа е нивната матрица  кој е дијаметрално спротивна со ставот на овозможување слобода и овзможување да имате поинакво мислење и да не бидете казнети за истото ако го искажете.

    Не поделија на патриоти и предавници, небаре некој повеќе , некој помалку ја сака државата.

    Не почитувани мои властодржци, сите ја сакаме државава, но сакаме и сите да имаме исти права,затоа немојте да ја присвојувате Македонија.Можете да присвоите зграда, нива, шума, но Македонија ниту смеете, ниту имате право.За тоа ќе бидете осудени од сите идни генерации.Го држевте тронот, но ја изгубивте содржината, го запретавте патот по кој треба да се развива нашата држава, а тоа е да бидеме сите заедно, и да се бориме политички, но не да се анатемисуваме.Што донесе вашата болна потреба за власт?

    Иако можеби не изгледа така, Македонија внатрешно е разјадена, внесена е зла крв помеѓу граѓаните, поделбите се очигледни, и потребно е време и многу многу работа сето тоа да се среди и направиме едно заедништво.

    Ова грчевито држење на власта донесе  порив  скоро секој млад човек да сака да си замине од државава токму заради овие причини – едноставно нема простор да се искаже, изрази, нема шанса со која ќе му се даде за да заработи и да ја покаже својата умешност, а верувајте дека Македонија има млади деца кои сакаат да направат нешто за својата татковина,брилијантни умови кои размислуваат за илјада идеи во минута и истите можат да ги реализираат но сакаат сите да имаат еднакви шанси, без разлика дали се членови на некоја политичка партија или не.

    Нивната препорака нека бидат квалификациите и нивната стручност. Со самото тоа тие ја имаат најважната членска книшка, а тоа е книшката дека во срцето ја носат својата татковина за која ќе направат нешто добро со тоа што ќе им се даде можност да ја работат  работата за која се стручни.

    Македонија е нашиот дом и потребна ни е една заедничка прагматичност на сите за да успееме да го сочуваме онаа што го имаме и да го подигнеме на едно повисоко ниво од кое сите ќе имаме придобивка и како народ и како држава.

     Има Македонија искуство  и луѓе кои и мислат добро, затоа треба да се обединиме сите ние кои сакаме да ја видиме Македонија како држава во која ќе имаме слободен пасош за патување, не за отселување.

    Сашо Тодоровски Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*