×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Коментар: ТОА ЛИ Е ОПОЗИЦИЈА?

    Столе Божиновски

    За воља на вистината, градоначалникот и „дружината“ добро го менаџираат управувањето со градот во одделни сегменти од кои се добиваат поени (комунална хигиена, капитални проекти од инфраструктурата), но ... Ова ,,НО‘‘ е работа на опозицијата. Таа е, според редот на нештата, дежурно уво за грешките на власта која пак, по дефиниција, и кога хипотетички не греши - е грешна! Барем во вечната историја на управувањето со народот нема ниеден пример на безгрешна власт. Ако власта нема грешки, работа на опозицијата е да и‘ ги измисли. Не толку за таа да заседне на нејзино место, колку да ја држи постојано на штрек за да не се расипе. Нели, некој рекол дека „апсолутната власт - апсолутно расипува!“. Арно ама злото кај нас е во тоа што на расипување речиси подеднакво се подложни и власта и опозицијата. Ерес ли е да се каже дека во Куманово, години на назат власта и опозицијата владеат во тандем, уживаат одреден комодитет, многу-многу не се „закачаат“. Добро им е и на мнозинството и на малцинството во Советот на Општината. Не сум активен во следењето на нивните седници, но ревносно ослушнувам што се случува таму. На времето отседував по некоја минута во термините за советнички прашања со надеж дека опозицијата ќе ја торпедира власта со лелеци на граѓаните незадоволни од нивниот крпен живот. Ама, испаѓа дека опозицијата или несака и не умее да прашува или дека народот, камо да е така, навистина нема на што да се жали. Се‘ се сведува на прашања од типот „а моето сокаче?“ и слични дребулии. Ништо ново, предходно невидено или нечуено. Карванот си врви со маратонски здодевни седници, со прашања заради прашања, без вистинска смисла и поента. Од мој агол, ќе испадне дека власта и опозицијата на ова наше, локално ниво небаре си имаат некаков џентлменски договор за ненапаѓање. Та разбирливо, мало место сме ние како држава, а уште помало како локална заедница. Блиски соседи сме, пусти роднини, куќни пријатели, деловни пријатели или партнери во бизнис. Никогаш не се знае кој на кого може да му затреба и на која страна ќе дувне ветрот. Тоа што народот на избори решил едни да се власт, а други опозиција не е чиста формалност. Ќе поминат четирите години во апсолутно владеење на млако и летаргично опозиционирање, а потоа ќе видиме.

    Столе Божиновски Столе Божиновски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*