×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци пред избор!

    Дејан Ристов

    Се наближува уште еден избирачки ден, кога во исто време ќе се дефинира новиот состав на највисокиот законодавен дом и ќе се прогласи изборот за Претседател на Република Македонија, кој функцијата ќе ја извршува наредните пет години. Изборот, што граѓаните на општина Куманово ќе го направат е од суштинско значење за иднината на Република Македонија. Одлуката на граѓаните ќе одговори на прашањето, дали ќе биде наградена политиката на многуте остварени проекти од страна на владејачката коалиција, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, или пак, несфатливата и често контрапродуктивна работа на опозицијата, предводена од СДСМ ќе успее да се наметне во јавниот дискурс преку разните манипулации и конструкции насочени против Владата, а понекогаш и на штета на државата. Она што најпрвин следува е предизборната кампања на претседателските избори, која започнува на 24-ти март. Очекувањата се големи, колку и влоговите на политичките субјекти. Како и да е, граѓаните на крај ќе изберат, она што е најдобро за државата, претседател кој решително ќе застане во одбрана на националниот суверенитет и територијалниот интегритет на Република Македонија, човек кој ќе го зајакне меѓународниот кредибилитет на државата и принципиелно и државнички ќе работи на зацврстување на граѓанска кохезија, градејќи мостови помеѓу различните субјекти во нашето општество. Таков претседател имавме и до сега. Целиот мандат, професорот Ѓорге Иванов успешно одговора на предизвикот, и остава свој печат на одговорната функција, секогаш демонстрирајќи смиреност и стабилност и секако, подготвеност за мудри чекори во најтешките моменти за нашата држава. Тој е претседател на сите граѓани и се залага за интегрирано општество каде, луѓето од различните култури ќе живеат заедно во простор исполнет со разбирање и почит кон различностите, а со  тоа, ќе градат и перспектива за идните генерации. Неговата порака за интеграција без асимилација, секогаш е присутна во јавните настапи, и е она што, од Македонија на долг рок, ќе направи позитивен пример за регионот и пошироко. Како резултат на ваквиот пристап, и неговата посветеност во политичката промоција на македонскиот културен и духовен идентитет, нашиот Претседател создаде многу нови пријателства за нашата држава. Тој со неговата принципиелност и верба во исправното и чесно работење, предизвика многу симпатии и кај многу државници и претставници на меѓународната заедница, со што значително ја зголеми мрежата на нашите партнери и подржувачи во нашите заложби за одбрана на националниот идентитет, создавање на силна економија и влегување во друштвото на функционални и просперитетни демократии. За неговиот досегашен ангажман, има многу работи што треба да се истакнат а кои се во насока на градење на развиена парламентарна демократија, држава на слободни и среќни граѓани и заедничка успешна приказна која ќе не промовира во светот. На крај, како сублимат на сите негови заложби и политчки одлуки може да се потсетиме на неговата идеја водилка кој е и главниот лајтмотив во неговиот Отчет а која гласи- “Да ја градиме Македонија во височина,со највисоки европски вредности, критериуми и стандарди”.

    Овие избори се значајни и поради тоа што, граѓаните со масовно излегување на гласачките места, недвосмислено ќе испратат порака, дека, изборот за претседател на Република Македонија треба да се врши на непосредни и слободни избори, а не за тоа да одлучуваат политичките партии во нашето Собрание. Единствено Претседател, избран од страна на граѓаните, ќе има легитимитет и политичка тежина, во полн капацитет да ја извршува својата функција, секогаш имајќи ги во предвид националните интереси.

    Дејан Ристов Дејан Ристов, политиколог

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*