×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нешто е овде погрешно

    Дејан Божиновски

    Следејќи ги кумановските социјалдемократски колумнисти и нивниот вокабулар на ароганција, потценување, омаловажување како модус вивенди, толку е очигледно, што секој обичен и реален човек може да го препознае стилот на еден Фрле, инаку губитник на последните претседателски избори дури и во Куманово. За нив важи единствен принцип - вака или никако. Покажување на различно мислење упорно се подложува на потсмев. Само тие се од Господ дадени да го предводат градот во нови работни порази. Без исклучок сите се занимаваат со програмата на ВМРО ДПМНЕ на централно ниво и внатрепартиските избори на локално ниво. Кумановската јавноста треба да се занимава со локалната опозицијата наместо со локалната власт.

    Демократија прифатена како ред, дисциплина и морал, а не како анархија подразбира висока општествена одговорност. Демократската култура исклучува неодговорно однесување. Тоа важи за сите, како за власта, така и за опозицијата. Нешто е овде погрешно.

    Кој од кумановци може да биде импресиониран од покачувањето на цена на вода за пиење. Од месец октомври минатата година тоа е наша реалност. Пред две години локалната владејачката структура, на итна седница, со кревање на раце со невидена леснотија и ароганција без око да им трепне со невидена демагогија, а во “корист на граѓаните” забранија покачување на цената на водата.Кревањето раце, на сите, на кои е дадена доверба да одлучуваат, а го прават тоа без да размислат за последиците, секогаш скапо ги чини граѓаните на Куманово.

    Минатиот октомври кренаа раце и ја покачија цената на водата за пиење.

    Пред повеќе од една година на оваа исто место напишав “Куманово веќе ја откри вистината, политичката вистина, за лошата проценка и демагогија околу цена на еден производ !!!

    Вистина дека се загрозени извори на снабдување со вода !!! “

    Правдата секогаш стига, можеби доцни, со оглед дека патува по балкански патишта, ама стига. Пред некој ден од Скопје стигна лут ферман. Врховниот суд го потврдил онаа што локалните советници на мнозинството не сакаа да го прифатат во 2010 година, а за што е посочено дека ќе се случи. Изгубени се драгоцени години. Изгубено е многу време. Советот на градот Куманово и владејачкото мнозинство со нивните сателити-поединци благовремено беа предупредени да почнат со санирање на локалното претпријатие за водоснабдување. Од октомври минатата година нивната кусегледост кумановци ги чини 8,5 денари поскапа вода за пиење. Покачувањето на цената на водата нема да ги реши проблемите, само ќе ја продолжи агонијата до следното покачување на цената. Зошто она што не си го платил на време стига за наплата и тоа со камата!

    Куманово заслужува квалитативно нова фаза на сопствен развој. На Куманово му е потребен еволутивен чекор во општествен развој. Оваа година треба да заврши еден временски циклус, а од идната година да започне сосема друг временски циклус. Локалната власт да доживее апокалипса.

    Дали ќе дојде крај за сите погрешни претстави и дали ќе почне интеграција на градот во современите европски и светски текови, епоха на промена, ќе кажат граѓаните на Куманово на идните локални избори. До тогаш, се надеваме нема да преживуваме долго и топло лето без вода.

    Се надевам дека нема да се повторат сцените од 2001 година кога во ред се чекаше пред цистерни за вода.

    Предупредувања се даваат да предизвикаат позитивна акција, а не да се предизвика политичка дебата, без никаква разрешница. Онаа што се случува укажува на редови за вода уште на почетокот на летото. Овој пат ќе бидам навистина среќен ако грешам.

    Не би бил достоен на себе ако за крај не споменам една работа за која во последно време по социјални мрежи а и по кумановска чаршија почнува да се шушка. Јас во една од моите колумни веќе го спомнав прашањето за корупција како табу тема за мојот град, па напишав “Корупцијата во Куманово е нула . Такво нешто не се случува во нашиот град„. Во еден неврзан разговор, еден мој сограѓанин ми даде примедба, дека кога сум спомнал основање на нови јавни претпријатија сум пропуштил да го спомнам Јавното авганистанско претпријатие ( ? ), еве сега само да го спомнам.

    Истото да ти имало седиште ама и подружница. Функционирало како јавно приватно партнерство каде влогот на приватните партнери се движел помеѓу 3000 и 10000 евра и се занимавало со најразлични дејности. Вработувало наши повратници од печалба. Добрата страна била што во него не важела партиската книшка и правична рамковна застапеност, исто така, предимство имале дипломци од многуте приватни универзитети. Како и секогаш кога некоја работа не ми е позната не сакам да пишувам невистини и конструкции, а од друга страна ако нешто не излезе во медиуми како и да не се случило.

    Авторот е член на ВМРО-ДПМНЕ

    Дејан Божиновски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*