×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Политичка (не)писменост

    Емил Ташевски

    Луѓето мора да станат свесни дека геополитичките сили се длабоко инкорпорирани во политичката реалност не само во нашата држава.

    На прашањето дали следат меѓународна (надворешна) политика, со исклучок на регионалната политика, огромното мнозинство македонски граѓани одговараат негативно, додека само малкумина ќе кажат дека тоа го прават повремено и селективно, главно кога има големи кризи како што е сегашната во Украина. Ваквите одговори претставуваат трагична и погубна реалност, бидејќи директно укажуваат на политичката неписменост и незрелост на нацијата, што следствено се одразува на македонската домашна политичка сцена, односно на нејзината политичка и општествена реалност.

    Познавањето на основните принципи и принципи на геополитиката како јадро на меѓународните односи и политичките настани и превирања во светот е неопходно затоа што тие се проектирани на сите најважни точки на земјината топка, вклучувајќи ја и Европа, вклучувајќи ја, се разбира, и Република Северна Македонија. Продлабоченото знаење за геополитиката и геостратегијата ќе продолжи да биде резервирано за аналитичарите и професионалците кои првенствено се занимаваат со нив, но би требало да се имплементира минимум знаење за феномените на општествената реалност, пред сè преку неговиот образовен систем и повлијателните медиуми. Кога зборувам за медиумите, не мислим само на едноставното и суво пренесување на агенциските вести за некој настан, туку пред сè, на неговото квалитетно и аналитичко објаснување, што отвора простор за знаење и интерес на примачот на информации, но и го развива критичниот став. Мора да бидат способни да ги препознаат и да забележат кои лица и институции од јавната и политичката активност во Република Северна Македонија се носители на одредени домашни, а кои на странски интереси и идеи.

    Политичката незрелост или неписменост на македонската нација во однос на познавањето на основите на меѓународните односи, како и нејзината инертност да промени нешто во оваа смисла, е директна последица на социјалната, економската и моралната состојба на македонското општество во последните 30-тина години.

    Ако македонската нација беше политички зрела, никогаш немаше да се случи нашата земја да ја водат поединци како Никола Груевски, Зоран Заев, Ѓорѓи Иванов и други слични на нив. За кадрите, пак, во политичките партии не сакам ни да зборувам. Чест на исклучоци, кои заради нивната бунтовност или критики кон актуелните политики во самите партии веднаш од поголемиот дел се гледаат како непријатели.

    Тука се поставува прашање зошто македонскиот граѓанин е склон да биде послушен?

    Одговорот можеби го најдов во тексовите на Ерих Фром. Тој вели: “Сè додека човекот е послушен кон моќта на државата, црквата или јавното мислење, тој се чувствува сигурен и заштитен. Всушност не е ни важно на која моќ ѝ се покорува. Таа е секогаш некоја институција или луѓе кои применуваат сила на овој или на оној начин и коишто прокламираат сезнаење и семоќ кои всушност се лажни. Послушноста го прави дел од моќта што ја обожава и затоа се чувствува силен. Не може да згреши, бидејќи таа одлучува за него, не може да биде осамен, бидејќи таа бдее над него, не може да направи грев, бидејќи таа не му дозволува, а и да стори грев, казната е само начин за враќање кон семоќната моќ.

    За да биде непослушен, човекот мора да има храброст да биде сам, да греши и да прави гревови. Но, храброста не е доволна. Способноста за храброст зависи од тоа колку е развиена личноста. Доколку личноста успеала да се оттргне од мајчините пазуви и татковските наредби и да израсне во целосно развиена единка која може да мисли и чувствува за себе, тогаш ќе има храброст да и каже "не" на моќта и да биде непослушна.”

    Што треба да правиме?

    Она што сите ние треба да го направиме, а пред сè носителите на македонскиот образовен систем (со исклучок на катастрофалниот министер Јетон Шаќири и соодветниот кадар инсталиран од него и неговите претходници) кои не успеваат да обезбедат свидетелства и книги, а додека го пишувам овој текст и официјалниот сајт не им работи и дел од медиумите, е да ги отвориме очите на македонските  граѓани со нашата квалитетна работа и посветеноста на стручниот кадар во наставата. Да пробаме да им укажеме дека не сме центарот на светот и дека за нашата судбина, за жал, премногу често некој надвор одлучува. Треба систематски да им покажеме кој е тој некој и со какви цели дејствува и какви импликации можат да имаат овие цели за нас. Треба да развиеме здрава критичка свест и аналитички пристап кон информациите кај луѓето кои потоа ќе можат сами да ја креираат својата судбина во многу поголема мера отколку што можат сега. Треба да ги охрабруваме да копнеат по вистинската слобода, а личноста може да биде слободна само преку непослушноста. Но, треба и да не се плашат од слободата затоа што никогаш нема да речат "не" на посилните од себе и нема да соберат храброст да бидат непослушни и да размислуваат со своја глава. Слободата и способноста за непослушност се неразделни. Оттука секој општествен и политички систем што ја прокламира слободата, а ја сузбива непослушноста никако не може да ја говори вистината.

    Луѓето без знаење имаат тенденција да забораваат. Нацијата што заборава ризикува да се повтори историјата. А народ чија историја се повторува нема иднина.

    Емил Ташевски Дипломиран инженер по информатика на ФИНКИ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*