×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Политичкото насилство

    М-р. Бранко Арсовски

    Сите се молат на Бога да им помогне во надминувањена состојбата во која се наоѓаат.

    Многу чудно, практично овие лица кои за овие дваесет години биле учесници во создавање на таканаречените стечајни работници без срам и одговорност нудат решение.

    Но, стечајните работници како по прпавило, заради немоќ се принудени да се молат но и радуваат на посетата на лидерите од претходната и сегашната власт  кои ќе повторам имале сериозно учество и влијание  најголемиот дел од стопанските субјекти да одат во стечај поради криминална и крајно погубна приватизација, а нивните работници да се стекнат со статус на стечајни работници или технолошки вишок. Што ќе каже нашиот обичен човек, каква иронија и дволичност.

    Зарем е коректно баш овие лица да повторно ја градат својата политичка кариера врз грбот на стечајните работници кои не по своја вина се нашле во оваа економска и социјална беда.

    Во текот на овој двомесечен период стечајните работници кои штрајуваа ги посетија значајни личности кои подолго време биле на власт и биле креатори на стечајот, посебно на Законот за стечај. Законот  за работни односи, Законот за ПИО и многу други кои во својата содржина ги регулираат можните права на овие лица.

    Да се подсетиме, во текот на 1990-1998 се донесе Закон за вработување од постојниот парламент, лица со статус  на стечаен работник и технолошки вишок со работен стаж  од 25 години и возраст до 55 години имаат право на паричен надоместок се до нивно повторно вработување или стекнување право на старосна или инвалидска пензија.

    Овој позитивен Закон по изборите од 1998 година беше укинат од страна на постоечката извршна и законодавна власт, поточно од Владата на Г-дин Љубчо Георгиевски. Практично со промена на  условите за користење на паричниот надоместок во Р.Македон ија повеќе од 30.000 лица со статус на  стечаен рботник и технолошки вишок останаа без матеијална и социјална сигурност.

    Можеби лидерот на ВМРО-Народна која во тој период  учествувале во власта ја увиде својата грешка па понуди измена и дополнување на Законот за вработување во кој се враќаат правата на стечајните работници, што може да се оцени како добро но доста задоцнето бидејќи последиците од  укинувањето на Законот се сериозни и погубни за овие лица.

    Стечаните работници ги посетува уште еден учесник во укинувањето на Законот како член на Владата на  Љубчо Георгиевски,  Г-динот Љубе Бошковски, лиддерот на партијата Обединети за Македонија, во овој момент како опозиционер им понуди решение на стечајните работници и технолошки вишок, барајќи подршка во следните парламентарни избори. Што ќе рече народот Кадија те суди, кадија е тужи. Тоа значи кога си во власта промовираш една политика, кога си надвор сосема друга.  Меѓутоа,  добро е што луѓето оцениле дека погрешиле и сега ја гледаат правата реалност  и состојба на овие лица.

    Деновиве, стечајните работници повторно беа посетени од екс премиерот и екс председателот Г-динот  Бранко Црвенковски, инаку лидер на СДСМ – кој на  еден или друг начин бил  учесник во создавање на армија стечајни работници и технолошки вишок по пат на прогласување на стечај или ликвидација на многу стопански субјекти со погубна и штетна приватизација. Згора на тоа  и носење на едн погубен  Закон за стечај – кој овозможи стечајната постапка да трае повеќе од  десет години при што единствена корист имаа стечајните управници и нивните соработници при што го обезвреднија капиталот и дозволија збогатување на поединци.

    Во овој момент е добро што ќе ја потврди својата грешка, но и понуди решение за стечајни работници.

    За жал, до овој момент стечајните работници не беа посетени од  страна на премиерот или некој ресорен министар од постојната власт што може да се поцени дека се плашат од категорија на стечајни работници и технолошки вишок кои потекнуваат од компании во кои субјекти каде државата учествува со 51% што може да се оцени како неправичност бидејќи сите лица од оваа категорија ги имаат истите права според Уставот но и според постојните позитивни законски прописи.

    Се разбира и понатаму овие лица ќе ги посетуваат и други партиски лидери, невладини организации и поединци кои пред телевизиските камери ќе покажуваат хуманост, солидарност, ќе нудат некоја дневна и ситна помош, но решението и понатаму останува под голем знак на прашалник.

    Од  многуте личности кои декларативно ги подржуваат барањата на стечајните работници еве и Јас како представник на невладина организација Социјална правда  и Советник во Советот на Општината Куманово ги подржувам во континуитет барањата на стечајните работници кои штрајкуваат со глад во зградата на општествено политичките организации. Меѓутоа, да не останам само со подршката, предлагам и извесно решение кое се сведува на следното:

    Во овој момент да се изврши измена и дополна на Законот за вработување со кои измени ќе се обезбеди паричен надоместок за сите лица со стаж од 25 години и старост  над 55 години кое право ќе се користи до повторно нивно вработување или стекнување право на старосна семејна или инвалидска пензија.  За останатите лица  кои не се опфатени  со овоа право да имаат предност при вработување во постоните фирми од каде потекнуваат и во Јавни претпријатија и Установи на локално и централно ниво. Исто така да се изврши измена и  дополнување на Законот за ПИО  при што да се предвиди институтот докуп на стаж до 5 години и да се врати критериум за стекнувае право на пензија  од 40 години работен стаж како и намалување  на основица од 15 години на 5 години како минимален услов.

    Посебно во Законот за социјална заштита да се предвиди одредба која би била во функција на стечаните работници и технолошки вишок.

    Меѓутоа, откако лицата од оваа категорија се стекнат со одредено право, да бидат под целосна евиденција на Агенцијата за вработување и во секој момент им се нуди вработување.

    Заради политичка моќ и власта што ја практикува на централно и локолно ниво ВМРО-ДПМНЕ со своите коалициони партнери во Владата и Парламентот би било добро да превземат активности кои би биле во функција на разрешување на проблемот на сите стечајни работници и технолошки вишок во Р.Македонија.

    Сметам дека е коректно и овие лица да ја почуствуваат економската и социјалната сигурност која во крајна мера и Уставот на Р.Македонија им ја гарантира.


    М-р. Бранко Арсовски, м-р Бранко Арсовски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*