×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • SPIRITUS MOVENS

    Ивица Алексовски

    Наметнатиот баткоѓорѓиевски идентитет одамна нè охрабри кованицата „Европско Куманово“ да ја согледуваме како општо место за терање мајтап. Производот на ФБ-кампањата: „Куманово се гради!“ на претходниот општински состав, за јавна поддршка на секоја лопата асфалт или бекатон-плочка, во невиртуелната реалност континуирано и во корен ја негираше слободата на движење. Сè уште се негира. Куманово е парализиран град: времето за реакција на сите интервентни служби е зголемено, а безбедноста на животот, здравјето и имотот на кумановци - трајно загрозени!

    „Одиме напред!“ – охрабрено ќе ви речат, дури и партиски и коалициски подобните паркинг-редари додека со моторизиран пајак ви го креваат автомобилот од тротоарот, немајќи општ сенс за гризењето на вашата совест при изборот помеѓу две зла: кому повеќе ќе му пречи мојот автомобил – на пешакот од тротоарот или на итната помош од коловозот?! Иронија. Дискриминација. Се надгради општото место за терање мајтап. Мајтапот е веќе во рацете на ѓаволот. Куманово, со каков годе префикс, е заробен град!

    Незагрижени за изборот на внимателно градената непотистичко-клиентелистичка структура, општинските моќници фокусот на референдумската пропаганда јавно го придвижија кон неопределените граѓани и опозицијата. Последниве разбираат дека градоначалникот, претседателот на општинскиот Совет, советниците, директорите назначени од општината, првенецот на кумановските социјалдемократи - немаат овластувања во надворешната политика: „Европско Куманово за Европска Македонија“ е „Куманово за Северна Македонија“. Разбираат дека повикот „ЗА“ е повик за самоукинување! Покана за колективно самоубиство!

    Сознанието за препознаената манипулација од мнозинството кумановци раѓа страв кај општинските моќници. Свесни дека „Северна“ не е доволна за остварување на сеприфатените стратешки цели за евроатлантско интегрирање на Република Македонија и дека „Европско“ нема волшебнички да ја смени сликата за хаотичното Куманово, паѓаат в очај, со фрустрација дека нема да му „испорачаат“ на лидерот. Дури и кога моќната бизнис-заедница од Куманово широкоградно би ги „почастела“ вработените!

    Во кинетиката на „Одиме напред!“, стравот како spiritus movens би бил апсурд, а секоја порака или повик – јалова работа. Опозицијата ги има сите права на светот дополнително да ликува кон апсурдноста и јаловоста на кумановската власт. Нивните претходници категорично одбиваа референдум за да нивните потомци преку него и „извесните“ дела го мерат „вистинскиот“ патриотизам.

    Потсетувајќи на Штросмаеровите симпатии кон Македонија, моето прво показно дело ќе биде информирање на Хрватската академија на науките и уметностите чијшто основач бил, за континуираното обезличување на Споменикот на Револуцијата на плоштадот „Маршал Тито“, преку преименување од „Македонка“ во извесна жена-борец, во службената комуникација на општина Куманово. Јавното дело на нивниот истакнат академик Коста Ангели Радовани од 1961 година не заслужува да биде монета за поткусурување, ниту инструмент за предвремена заштита од обвиненија за евентуален иредентизам.

    Незнаењето и неспособноста на службите не оправдуваат. Секоја Македонка има право гласно на светот да му го соопшти својот непроменлив идентитет!

    Вториот показ – барање од соодветните институции ефективно да ги заштитат од дискриминација сите деца чиишто лица јавно беа прикажани во објавата на општинскиот портал од 3.9.2018 година, под наслов: „Училишен прибор за деца од социјално загрозени семејства“ и да ја утврдат вистинската причина за непростливиот прекршок.

    Доволно за вистината и духот кој придвижува.

    Куманово многу скоро ќе одговори каков патриотизам единствено може да се шири во 21. век од плоштадите со анахронизми во насловот: „Нова Југославија“ и „Маршал Тито“. Лажен или вистински?

    Ивица Алексовски Ивица Алексовски, Центар за комуникации, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*