×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За учителката, Перо и Мира . . . И за Пелистерка

    Виктор Божиновски

        По подолго време, драги мои, еве повторно се враќам на сајтот на kumanovonews.com со свои колумни, исполнет со желба повторно заедно со Вас критички да ги согледуваме некои појави во општеството кои се девијантни, а богами во последно време има доста вакви појави кои гу заслужуваат нашето внимание, да бидеме едноставно коректор на се она што погрешно ни се случува во државата.

        Бидејки томку денеска се одржува таканареченото ектерно тестирање, решив во првата колумна да се освнам токму на овој девијантен проект од кој победник никогаш нема да има, стрес секоја година ќе доживуваат учениците и нивните родители, професорите исто така од едноставна причина што колку и да биле објективни во текот на годината, сигурно ќе се најде некаде некој превид што го направиле ненамерно, ама затоа ако сега не излезе се како треба, ќе одговараат сите . . . од ученикот до државата, која сакала нејќела, на крајот е крива за секоја грешка која ќе се појави затоа што во текот на годината преку Министерството и Државниот просветен инспекторат не успеала да ги реши проблемите.

        И тука, драги мои, доаѓаме до сите апсурди на ова т.н. ектерно теститање. Живееме во време на Интернет на многу полесно ни е да стигнеме до многу информации кои од време на време не тераат слатко да се изнасмееме на сите глупости на кои може да им текне на овие стручњаци кои ги спремаат овие прашања кои понекогаш изгледаат како исклучиво да се создадени да ги малтретираат учениците . . . значи не да се провери какво било оценувањето во текот на годината, туку буквално младите да се измалтретираат. Така драги мои, вртејки по порталите во државата, налетав на едно прашање кои ми остана залепено за очите, а богами и за срцето. Вика вака : Во клупата пред Перо седи Мира. Таа си врза панделка на плетенката. Перо мисли како да ја повлече Мира за плетенката. Учителката ја повика Мира да излезе на табла. Со кое прашање ќе дознаеме за намерата на Перо ? СО КОЕ ПРАШАЊЕ ЌЕ ДОЗНАЕМЕ ЗА НАМЕРАТА НА ПЕРО ????????? Па вие мора да се зезате !!! Стварно е жално кога ќе видите вакво прашање да ја одредува судбината на ученикот, професорот, родителите и сето она што го правеле од Септември до денес !!! Како може некој да биде оволку несериозен со целиот наставен процес во државата и да го компромитира истиот од почеток до крај со вакви небулози ??!

        Мене стварно не ми е јасно како луѓето од Министерството можат да си дозволат некој од надвор да чита вакви глупости и да ни се смее на сите нас како општество и како држава . . . па после Бранко е крив ! Епа не е драги мои стручњаци, успеавте целата оваа ваша стручна операција да ја сведете на дебилно ниво, отприлика како онаа на надалеку познатиот пратеник во т.н. Собрание , чика Амди, кој на свадбата на неговиот внук, нели повикал 958 негови блиски, и зашто овие од Кока-Кола не дале ни 2 литра гратис, он од сега ќе бил Пелистерка . . .  (веројатно овие другите дале гратис кисела вода). Срам да им е на овие од Скопска пивара, не му учиниле на човекот.

        И ете така, со вакви глупости ќе се занимава целата држава а нашите деца ќе доживуваат стресови секоја година се додека Амди не си прави зафрканции на наша сметка, идиотизми од кои ние што ќе се смееме ќе се смееме, ќе се смејат и сите од нашата недокваканост.

        Образовниот систем е премногу сериозна работа за да разговараме за учителката, Перо и Мира. Министерството за образование тврдоглаво го тера овој проект иако не гледам дека некој (освен Владата и нивните министри и пратеници) се задоволни од ова што се случува во време кога наместо децата да се намирни и најопуштени тие се најнервозни. Така да, драги мои другарки и другови, или сериозно сфатете си ја работата или баталете ги овие бабини деветини зашто упорно и тврдоглаво го уништувате угледот на државата, на образованието, на се она што со години наназад се одржуваше како стабилен систем . . . се до тогаш ќе бидете на ниво на Амди Пелистерка и неговите плус минус 1000 негови блиски и Пелистерка . . .  за жал !

    Виктор Божиновски Виктор Божиновски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*