Главниот штаб препорачува кратење на изолацијата од 10 на 7 дена
25.01.2022 08:01
| Сузана Николиќ
Главниот координативен кризен штаб за справување со ковид-19 на синоќашната седница ја усвои препораката за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР ковид тест од 10 на 7 дена.

Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за заразни болести, поради полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот.
„На синоќешната втора седница на Главниот координативен кризен штаб министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната состојба со пандемијата предизвикана од ковид-19. Препораката е доставена до Владата и треба да биде дискутирана на следната владина седница“, соопшти Владата.