×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Над 7.500 домаќинства со ниски приходи ќе добиваат намалени сметки за струја од 600 до 800 денари

    06.01.2022 12:32 | Сузана Николиќ

    Владата во текот на месецот ќе го распише огласот за домаќинства со ниски приходи да добиваат намалени сметки за струја од 600 до 800 денари. За оваа намена од буџетот на Владата се обезбедени 60 милиони денари, односно помош ќе има за над 7.500 семејства.

    Над 7.500 домаќинства со ниски приходи ќе добиваат намалени сметки за струја од 600 до 800 денари

    Доделувањето на финансиската поддршка ќе се врши по принципот на најниски примања по домаќинство во 2021 година во секоја од категориите, сѐ до исцрпување на предвидените средства oд Буџетот за 2022 за оваа намена.

    Согласно програмата, финансиска поддршка ќе се доделува на лица ако нивните редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот и тоа:

    – за самец до 15.194 денари;

    – за домаќинство со два члена до 18.000 денари;

    – за домаќинство со три члена до 21.000 денари;

    – за домаќинство со четири члена до 25.000 денари;

    – за домаќинство со пет или повеќе члена до 30.000 денари.

    Лицата со ниски примања за самец, домаќинство со два члена и за домаќинство до три члена се стекнуваат со намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 денари месечно, а лицата со ниски примања за домаќинство со четири члена и за домаќинство со пет члена и повеќе члена, се стекнуваат со право на намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 800 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето.

    Од 1 јануари, како резултат на енергетската криза цената на струјата поскапе за 9,48, а се укина дневната евтина тарифа.

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk