Објавен конкурс за попишувачи и реонски инструктори
23.02.2021 08:25
| KumanovoNews
Државниот завод за статистика денес го објави Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори, кои во периодот 1-21 април ќе го спроведуваат попишувањето на терен во рамките на Пописот 2021.
На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Северна Македонија кои се невработени, кои имаат завршено најмалку средно образование и имаат компјутерски вештини, соопштуваат од Државен заводот за статистика.
Пријавувањето се врши преку електронска апликација достапна на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk, а сите детали поврзани со конкурсот и условите се содржани во огласот објавен во дневните весници „Нова Македонија“, „Вечер“, „Слободен печат“ и „Коха“.