Од 1 јули дозволено е работење и во затворените простории на угостителските објекти
29.06.2021 20:02
| KumanovoNews
Владата денеска донесе одлука од 1 јули да се дозволи редовна работа и во затворените простории на угостителските објекти.

Оваа одлука се однесува за работа во рестораните, вклучително и за организирање свадбени свечености, прослави, веселби и настани, со исполнетост до 40 отсто од капацитетот на објектите, но не повеќе од 250 гости, со строга примена на протоколи за работа на овие објекти.
Оваа одлука не се однесува на затворените простори на дискотеките, кабареата и клубовите за кои и натаму не е дозволена работа и посета на гости.