Полицискиот час останува на сила до 1 јуни, одлучи Владата
18.05.2021 18:30
| KumanovoNews
На денешната седница, на препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе заклучок активните мерки за ограничување на движењето наместо до 18 мај, да продолжат со важност до 1 јуни 2021 година.

Тоа значи дека останува на сила забраната за движење на населенито од полноќ до 4 часот наутро, а угостителските објекти ќе работат до 23.30 часот и во наредните две недели.