Полицискиот час продолжува до 6 април, одлучи Владата
22.03.2021 12:49
| KumanovoNews
Владата денеска одлучи да го продолжи полицискиот час и тој да биде во сила до 6 април, по препорака на Комисијата за заразни болести.

„Владата на денешната 56-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе одлука да биде продолжена актуелната мерка за забрана и посебен режим на движење на граѓаните на целата територија на државата во временскиот период од 22:00 часот до 05:00 часот, почнувајќи од денеска, односно од 23 март до 6 април“, - соопштува Владата.