Стигна првата пратка од 24.000 вакцини „АстраЗенека“ преку Ковакс системот
Стигна првата пратка на вакцината „АстраЗенека“ преку Ковакс - механизмот во Македонија. Станува забор за 24.000 дози, со кои е предвидено да стартува масовната имунизација кај нас, започнувајќи од среда.

„Благодарност до сите земји во светот кој го поддржаа овој систем, посебно на пријателските земји САД, Германија, Велика Британија, Франција и земјите од ЕУ како и на СЗО, УНИЦЕФ и ОН со чија помош го организиравме транспортот до нашата земја. Системот за имунизација е подготвен и сега нашиот фокус е да имунизацијата се спроведува во континуитет во текот на месеците кои следуваат, започнувајќи со „АстраЗенека“, а продолжувајќи со најавата за другите вакцини кои сме во очекување да ги добиеме многу скоро“, објави министерот Венко Филипче.
Овие вакцини ќе се искористат за ризичните групи на граѓани над 75 години.
Во април се очекуваат и вакцините од Кина, за кои министерот кажа дека имунизацијата ќе се врши во спортската сала „Борис Трајковски“.
(Фото: МЗ)