Кратово го прославува патрониот празник Кратово утре и задутре ќе го прослави патрониот празник „Свети Ѓорѓи Кратовски“ со низа манифестации и настани.
Полициски возила со камери ќе ги “ловат“ погрешно паркираните возила Полициски возила со камери ќе ги снимаат и ќе казнуваат сите погрешно паркирани возила на сообраќајниците во поголемите градови во земјата.
Прекршочна постапка за 4 ланци на маркети кои ги договарале цените Четири ланци на маркети се договориле дека ќе делуваат усогласено и нема да набавуваат стоки од добавувачи кои ќе достават нови ценовници за нивните производи, поради што е поведена прекршочна постапка.
Од 1 март повисоки плати за 7 отсто за вработените во основните и средните училишта Мартовската плата на вработените во основните и средните училишта, која ќе се исплати во април, ќе биде повисока за 7 отсто.
Синдикалната кошничка поскапе за 521 денар, изнесува 67.773 денари за четиричлено семејство Синдикатот ја објави минималната синдикална кошничка за февруари – 67.773 денари за четиричлено семејство.
Tрговците незадоволни од одлуката за ограничување на маржите на повеќе од 1.000 производи Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун изразува сериозна загриженост во врска со вчерашните одлуки на Владата, кои беа соопштени од заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.
Владата ги ограничи маржите на повеќе од 1.000 прехранбени и непрехранбени производи Владата на денешната седница донесе одлука за ограничување на бруто профитната маржа (БПМ) во трговија на големо и во трговија на мало и одлука за утврдување на највисоките цени за одделни производи во трговијата на големо и во трговијата на мало.
Се забранува посета на хоспитализирани пациенти поради ширење на грип Се забрануваат посети на хоспитализирани пациенти за да се спречи ширење на грипот во болнички услови и строго да се почитува куќниот ред во здравствените установи, особено во однос на користењето лична заштита – носење заштитни маски, дезинфекција на раце и одржување физичка дистанца, каде е возможно.
Градоначалникот да се отповикува на референдум, предвидува новиот закон за локална самоуправа Референдумско отповикување на градоначалникот, воведување на комунален надзор и поголемо учество на граѓанскиот сектор во рамки на носење на одлуки на локално ниво, се дел од измените кои се предвидуваат во новиот Закон за локална самоуправа.
Пратениците од власта не го прифатија предлогот на Левица да си ги намалат патните трошоци Пратениците од владејачкото мнозинство не го прифатија предлогот на Левица на дневен ред на седница да се најде точка за намалување на патните трошоци.
Објавен вториот владин повик за поддршка на инфраструктурни проекти, општините можат да аплицираат до крајот на април Владата денеска го објави вториот повик за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти. Со повикот се предвидени средства во висина од 15 милијарди денари или 250.000 евра.
Малолетниците кои уништуваат урбана опрема да работат општокорисна работа, предлага ЗЕЛС Малолетниците кои уништуваат паркови, кршат урбана опрема и палат контејнери да вршат општокорисна работа, бара Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС).
Поранешната воена болница ќе биде регионален центар за Куманово, Велес и Скопје Планираме Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје да стане регионален центар за лекување на пациенти од Скопје, Куманово и Велес, најави директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски.
Градежен работник од Бангладеш починал додека работел во кратовско Триесет и петгодишен работник од Бангладеш вчера починал на работното место, откако се здобил со повреди од машина за правење бетон.
Еден загинат и седуммина повредени во две сообраќајки на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка Едно лице загина, а седуммина се повредени во две сообраќајни несреќи вчера попладне на патот Ранковце - Крива Паланка, во с.Градец, кривопаланечко.
Локалните патишта во Крива Паланка, Ранковце и Кратово се дочистуваат од снег Локални земјени патишта во делови на Крива Паланка, Ранковце и Кратово се дочистуваат, а сообраќајот во државата се одвива во зимски услови, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.