×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мирковски ги загуби сите натпревари како и Ѓорѓиевски, дали следува промена на тренерската позиција?

    08.03.2022 10:05 | Стефан Николиќ

    Кошаркарите на Куманово загубија на вчерашниот натпревар против Пелистер со резултат 60-79, со што го забележаа 13.пораз оваа сезона во домашното првенство.

    Мирковски ги загуби сите натпревари како и Ѓорѓиевски, дали следува промена на тренерската позиција? Фото: kfsm.mk

    Тренерската смена не донесе резултат како што се очекуваше па во овој момент тренерот Владимир Мирковски ги загуби сите натпревари, од истите противници како и Игор Ѓорѓиевски додека беше тренер на клубот. Неофицијално отказот на Ѓорѓиевски му бил соопштен пред почетокот на натпреварот со Кожув, па единствено оваа сезона недостасуваше и Ѓорѓиевски да не се појави на тој натпревар. 

    Трите победи на Мирковски се против втората екипа на МЗТ Скопје и Феникс 2010 во кои настапуваат играчи од младинските погони и Ангели против кого Куманово победи и во првиот натпревар. Сепак, Феникс постигна одлични резултати и додатно ангажираше странци со кои ја напаѓа Супер-лигата и сега имаат 9 победи. Ангели се дигнаа од дното и со ангажманот на Боби Митев, помошниот тренер на Берлинска Алба, Банвит, Монако и Партизан Белград, даваат јасна порака дека нема да бидат лесен плен во борбата за опстанок.

    Веројатно проблемот треба да го бараме и во селекцијата на кошаркари за оваа сезона која не даде никаков резултат. Американските интернационалци беа често менувани, а спас се побара со ангажирање на минатогодишните кошаркари, меѓутоа резултатот во двата случаи изостана. Финансиските проблеми кои ги имаше клубот и честите повреди влијаат во фаќањето на ритам на тимот. 

    Од најавите за борба на четири фронта, клубот веднаш испадна од Евро-натпреварите, беше исфрлен и суспендиран од регионалното натпрварување, не се квалификува за Купот и во домашното првенство се бори да го избегне дното на табелата. 

    Следниот натпревар Куманово го игра против Кожув на гостински терен.