1.4 милиони денари за одржување на светлосната сигнализација
20.02.2015 10:33
| KumanovoNews
Општина Куманово одвои 1.4 милиони денари за одржување на семафорите на крстосниците во градот.
Од секторот за урбанизам во општина Куманово информираат дека тендерската постапка е во завршна фаза. Помошник раководителот во секторот за урбанизам , Момчило Јовановски информираше дека за месец дена се очекува и поставување на семафорот на кростосницата на булеварот „Окотмвриска револуција„ и улицата „Пионерска„.
“Проектот вклучува подземна инфраструктура. Деновиве ќе поднесеме барање до ЕВН за одобрување на приклучок, бидејќи согласно новите мерки потребно е посебно броило“ - вели Јовановски.
Семафорот кој падна при последното невреме во Куманово ќе биде вратен на своето место за седум дена.

