×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 17 години од НАТО нападот врз СРЈ

    24.03.2016 14:30 | KumanovoNews

     На 24 март 1999 година, авионите на НАТО го започнаа бомбардирањето на Сојузна Република Југославија.

    17 години од НАТО нападот врз СРЈ

    Во воздушните  напади кои траеја 78 денови, животот го загубија 2.500 граѓани, а околу 5.000 беа повредени.

    Српската заедница во Куманово утрово во црквата „Света Троица“ оддаде почит на жртвите од воздушните напади.  

    „Првичните цели на НАТО алијансата беше бомбардирање на воени објекти на радарски системи на касарни на војската на тогашна СРЈ за да понатаму премине во бомбардирање на цивилни објекти, на болници, патишта, железнички пруги и слично. Направена е огромна материојална штета“, - рече Горан Зафировиќ, претседател на Српска заедница во Куманово.

    Воената интервенција официјално заврши на 11 јуни 1999 година кога беше потпишан кумановскиот договор.