77 мигранти пронајдени во куќа во Ваксинце
18.03.2016 12:36
| KumanovoNews
Во напуштена куќа во селото Ваксинце вчера се пронајдени се 77 мигранти од Пакистан, Сирија и Авганистан.

Полицијата ги открила несреќните луѓе откако еден од мигрантите пријавил во СВР Куманово дека физички бил нападнат од непознато лице кое му барало пари. Откако не го добил пленот, насилникот побегнал а мигрантот побарал помош. На местото на настанот биле упатени полициски службеници и во напуштена куќа во селото ги пронашле мигрантите. Сите се пренесени до Транзитен центар-Гевгелија.