Агенцијата за рурален развој ќе соработува со СИПР
07.05.2014 07:36
| KumanovoNews
Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството потпиша меморандум за соработка со Центарот за развој на североисточен плански регион.

Во иднина овие две институции ќе можат да работат на заеднички проекти, да разменуваат искуства и податоци, со цел да го унапредат руралниот развој и да ја подобрат вообичаените практики за усогласување на нормативите со ЕУ.
Ќе се формираат групи кои ќе имаат за цел населението во сите шест општини во регионот да го информираат за ЛИДЕР програмата од европските фондови.