Бесплатни акции за мерење на шеќер во крвта
06.09.2016 09:53
| KumanovoNews
Здружението на дијабетичари Куманово, на 8 септември организира акција за мерење на нивото на шеќер во крвта на градскиот плоштад во Куманово.
Акцијата ќе започне во 11 часот кај споменикот Батко Ѓорѓија.
Наредниот ден на 9. септември, акција ќе се одржи во џамијата во населбата “Тоде Мендол“. Акцијата ќе започне во 14 часот.
Од здружението ги повикуваат граѓаните да се приклучат на акцијата заради проверка на своето здравје.