Бизнис ден во Куманово
13.06.2011 09:02
| KumanovoNews
Во Куманово утре ќе се одржи Бизнис ден за промоција на словенечко- македонското стопанство.

Промоцијата на Клубот и Општината ќе се одржи во ресторан Палас, а промоцијата на производите и услугите на компаниите-членки на клубот и компаниите од регионот ќе се одржи на Градскиот плоштад од 16 до 21 часот.
На промоцијата ќе зборуваат претседателот на УО на Бизнис клубот, амбасадорот на Слоовенија и градоначалникот на Куманово.